Бугарската асоцијација на ПР агенции (БАПРА) по шеснаесетти пат ги додели наградите BAPRA Bright Awards – најпрестижните признанија за ПР и комуникациската индустрија во Бугарија. Годинешната церемонија се одржа во Grand Hotel Millennium во Софија и беше дел од свечената програма по повод 25 години од основањето на асоцијација.

Под мотото „Алгоритам на довербата“, натпреварот стави фокус на стратешката улога на ПР-професијата во ерата на вештачката интелигенција, податоците и автоматизацијата – таму каде што технологиите ги забрзуваат комуникациите, но довербата останува највредниот капитал во односите меѓу организациите, медиумите и заедниците.
BAPRA Bright Awards 2026 собра 186 апликации во 19 категории, кои беа оценувани од меѓународно жири составено од реномирани експерти во односите со јавноста, комуникациите, корпоративната репутација и стратешкото лидерство. Претседател на жирито оваа година беше Масимо Морикони, претседател на ICCO и генерален менаџер на Omnicom PR.
Креативната агенција proof. беше прогласена за „ПР агенција на годината“, додека пак второто и третото место ги освоија All Channels Group и M3 Communications Group.
„Во свет на забрзани комуникации, алгоритми и постојани технолошки промени, односите со јавноста остануваат професија која гради доверба, создава смисла и одржливи односи. Победниците на BAPRA Bright Awards 2026 се инспиративен пример за силата на односите со јавноста како стратешка функција – таму каде што јасниот став, човечката експертиза и одговорноста работат заедно со технологиите за да создадат долгорочна вредност за бизнисот и општеството. Им честитам на сите наградени за нивниот професионализам, визија и придонес кон иднината на комуникациите“ – изјави Ива Григорова, претседателка на БАПРА.
По повод својата 25-годишнина, БАПРА додели и Специјална награда за студенти, со цел да ги поттикне и да им даде видливост на младите таленти во областа на комуникациите и односите со јавноста.
Целосната листа на доделени награди е достапна за разгледување на следниот ЛИНК.
















