Home » Во фокусот » Пропаста на една љубов раскажана преку pop-up огласи

Пропаста на една љубов раскажана преку pop-up огласи

Pop-up огласите обично не се користат како материјал за музички спотови, но агенцијата Wieden + Kennedy многу паметно го искористи овај омразен формат во интерактивно музичко видео за бендот од Алјаска, Portugal. The Man.

Спотот е направен за песната „Rich Friends“, а во него се појавува Glenn Howerton ѕвездата од серијата „It’s Always Sunny in Philadelphia“. Во видеото се користени лажни pop-up огласи, со цел да се раскаже приказна за еден романтичен пар чија љубовна врска, иако наизглед совршена од надвор, всушност е жив пекол.

Подолу можете да ја погледнете YouTube верзијата на спотот, но за потполно интерактивно искуство одете на chardonnayandadderall.com.

До идејата на овај духовит спот дојдоа креативните директори на Wieden + Kennedy, Max Stinson и Erik Fahrenkopf.

Ќе беше забавно да ги прекинуваме омилените серии на луѓето со нашите реклами, но сметавме дека мора да постојат и други облици на уметност кои би можеле да ги упропастиме со огласи“, изјавија тие шеговито во своето соопштение.

Кај музичкиот спот е важна само една работа: да се направи нешто што луѓето навистина сакаат да го гледаат. Како што огласувачките агенции се сопнуваат во потрагата по нови начини на работа, ова видео е освежувачки потсетник дека секогаш публиката треба да се има во предвид,“ додаде Jason Kreher, креативен директор на агенцијата Wieden + Kennedy.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365