Home » Во фокусот » Прв пат во дури 13 години: Продажбата на Аpple падна за 16 %

Прв пат во дури 13 години: Продажбата на Аpple падна за 16 %

Американската компанија Apple вторникот објави значителен пад на продажбата во рамките на вториот фискален квартал кој би можел да биде најлош во последните 13 години

Станува збор за енормен пад од околу 16% или околу 45 милиони евра во споредба со истиот период минатата година кога е регистрирана продажба од 53 милиони евра. Од друга страна, продажбата се поклопува со предвидувањата на на аналитичарите на Apple.

Но тоа не е се. Состојбата е полоша со оглед на тоа што продажбата би можела дополнително да падне на околу 37 милиони евра до месец јуни, што е спротивно со предвидувањата кои стигнуваат  до 41 милиони евра.

Според зборовите на директорот на компанијата Тим Кук, Apple се бори со одржување на историски високиот раст, макар што, тврди Кук, иднината е и понатаму светла.

Спорд тоа, Apple забележа пад на вредноста на акциите за шест проценти. Броевите секако укажуваат на тоа дека пред  Apple е тешка година.

Причината би можела да биде помалку ентузијазам поради новите производи кои денес станаа дел од секојдневието, додека само пред неколку години новиот iPhone навистина претставуваше вест.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365