Италијанскиот пивски бренд Peroni го лансира своето ново безалкохолно пиво Peroni Nastro Azzurro 0.0% на 28 пазари ширум светот, вклучувајќи ги Обединетото Кралство, Австралија, Канада, Хонг Конг, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Турција.
Според Ричард Инграм, директор за брендови во матичната компанија Asahi Europe & International, тие вложиле дури 20 милиони евра во нивната „најголема иновација досега“, уверени дека го создале „најдоброто безалкохолно пиво во светот“.
Со цел промоција на новото Peroni Nastro Azzurro 0.0%, паралелно ќе биде лансирана и рекламна кампања насловена “Back to Zero” („Враќање кон нулта“), која ќе вклучува телевизиски спотови, out-of-home реклами, дигитални и онлајн активности. Кампањата е конципирана како дел од глобалната маркетинг платформа на брендот насловна “Live every moment” („Живеј го секој момент“).
Централниот спот на кампањата ја следи приказната на еден заљубен пар за тоа како се запознале и уживале во Италија, богата со прекрасни пејсажи и врвна култура, патувајќи со веспи и пиејќи безалкохолно пиво.
Првото телевизиско емитување на рекламата ќе отпочне во Романија на 4 април, по што ќе се прошири и во другите пазари низ светот. Кампањата се реализира со помош на креативните агенции Trouble Maker и Unbound Creative.