Home » Во фокусот » Првата реклама за Diesel од Публицис Италија „Go with the Flaw“

Првата реклама за Diesel од Публицис Италија „Go with the Flaw“

Како што напишавме и претходно, не требаше долго време за првата реклама на агенцијата Публицис Италија за Diesel да го види светлото на денот

Diesel минатата недела најави дека се збогува со агенцијата Anomaly и ја именува агенцијата Публицис Италија да го води нивниот глобален акаунт, па како што се очекуваше не беше потребно долго време за првата реклама од новата агенција.

Најновата реклама за овај бренд, познат по своите необични и смели реклами, повикува да ги прифатиме недостатоците и несовршеноста, и прикажува модели со тетоважи, лоша кожа, поврзани веѓи, протези на забите и слично.

Рекламата насловена „Go with the Flaw“ ја режира Francis Rousselet, којшто работеше на музичките спотови за Мадона и Снуп Дог, а фотографиите за кампањата за принт и билбордите ги направи Tom Sloan.

Уникатноста е многу поубава отколку совршенството“, објаснува арт директорот на Diesel, Nicola Formichetti, чија што цел во изборот на моделите била да пронајде „фасцинантни луѓе со интересни карактеристики“ наведуваат од брендот.

Со оваа кампања Diesel ја промовира својата линија есен/зима 2017.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365