Home » Во фокусот » Првите Фејсбук серии веќе кон крајот на летото

Првите Фејсбук серии веќе кон крајот на летото

Поради тоа што неволно призна дека во суштина е медиска компанија, повеќе отколку што е социјална мрежа, Фејсбук почна да влегува во сериозна приказна за прикажување на ТВ емисии и серии.

Така, веќе кон крајот на летото би можеле со својот Фејсбук профил да ги гледаме популарните серии, што е една од големите цели на оваа најпопуларна социјална мрежа.

Фејсбук соопшти дека ќе вложи многу пари во прикажување свежи серии за публика од 17 до 30 години. Оваа компанија ќе плаќа околу три милиони долари по 30 минутна епизода на една серија, колку што отприлика изнесуваат трошоците за прикажување на епизода од серијата  „Breaking Bad“ или „The Big Bang Theory“. Наводно, Фејсбук веќе издвои пари за емитување на сериите „Strangers“ и „Loosely Exactly Nicole“.

Според пишувањата во медиумите, најпопуларната социјална мрежа планира да ги надмине Youtube, Netflix и Hulu. Овие компании и веб сервиси за размена на видео содржина веќе вложуваат големи пари во оригинална содржина, а Фејсбук има намера да им се спротистави. Во таа борба, најмногу се потпира на речиси две милијарди корисници ширум светот.

Сеуште не е јасно дали ТВ сериите ќе добијат свои страници на Фејсбук или продукциските куќи ќе ги прикажуваат преку своите индивидуални страници на Фејсбук.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365