Home » Во фокусот » Публицис Груп го претстави својот нов тригодишен план наречен Sprint To The Future

Публицис Груп го претстави својот нов тригодишен план наречен Sprint To The Future

Во видео порака до вработените, Артур Садун најави нов план кој ќе се фокусира, меѓу другото и на консултантското работење

Извршниот директор на Публицис, Артур Садун ја претстави новата стратегија и акционен план за Публицис, под назив “Sprint To The Future“. Планот ги наведува трите клучни области за раст, на кои компанијата ќе се фокусира во наредните три години.

Најинтересен аспект од планот на кој компанијата има намера да посвети посебно внимание е подлабоко влегување во консултантскиот бизнис. Трите клучни области на кои ќе се фокусираат се:

  1. на секој клиент да им овозможат “ангажман еден на еден со потрошувачите на соодветно ниво”
  2. “динамична креативност” насочена на персонализирана содржина и
  3. технологија и консалтинг, каде што предводник ќе биде нивниот оддел за дигитална трансформација Publicis.Sapient.

Артур Садун го опиша новиот план во видео запис испратен до вработените, во кој како предизвици посебно ги споменува намалување на трошоците, зголемување на конкуренцијата и дигиталната дисрупција, но додава дека Публицис нама “да прави изговори” или “ќе ја закопа главата во песок”. Наместо тоа, тој тврди дека компанијата директно ќе работи на решавање на овие проблеми со цел да го обезбеди својот бизнис во иднина.

Ние сакаме да станеме неопходен партнер на нашите клиенти во нивната трансформација. Посветени сме на тоа нашиот модел да стане платформа за поголема ефикасност“, вели Садоун во видео пораката испратена до вработените.

Според оваа нова стратегија, Публицис, исто така, ќе се фокусира на зголемување на аквизициите “во областа на податоците, динамичната креативност и дигиталната трансформација, кои треба да изнесуваат помеѓу 300 и 500 милиони евра годишно во периодот од 2018-2020.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365