Publicis Groupe во рамки на својата групација формираше нова “единица“ наречена Publicis Spine со која ги унапредуваат амбициите на компанијата да стане лидер на пазарот во маркетинг и дигитални бизнис трансформации.
Идејата со креирањето на Publicis Spine е да ги спојат сите податоци, технологии и талент на Publicis Groupe, зајакнувајќи ја уникатната предност на компанијата за водење и поврзување на маркетинг трансформацијата и дигиталната бизнис трансформација.
Publicis Spine опфаќа три основни компоненти.
1. Унифицирани податоци од 3 различни извори кои ќе овозможат да се создадат единствени идентификациони карти, кои ќе информираат кога, каде и како да се информираат потрошувачите и со каква порака.
2. PeopleCloud, платформа базирана на облак која користи податоци за да ги идентификува изворите на раст на клиентите на индивидуално ниво. Оваа “end-to-end” платформа комбинира бихевиористичка и семантичка интелигенција, за информирање на медиумите и донесување креативни одлуки, за активација и динамично мерење.
3. Колективната моќ на 3.500 инженери, аналитичари и стратези од целата PublicisGroupe собрана во една централизирана база на податоци и анализи, ќе им помогне на клиентите да ги претворат податоците во бизнис решение.
Publicis Groupe со оваа трансформација создава уникатна и софистицирана платформа за комуникација со потрошувачите. Пристапот до овие ресурси ќе имаат клиентите на Publicis Groupe низ различни локации, вклучувајќи ја и Македонија, овозможувајќи им да го развијат нивниот бизнис и категорија.
“Ова се следните природни чекори во развојот на нашиот модел. Кои водат кон понатамошно зајакнување на способноста за маркетинг и бизнис трансформација и, што е најважно, остануваме тесно меѓусебно поврзани, поттикнати и охрабрени од сите наши експертизи” – изјави Arthur Sadoun. „Во денешниот свет, брендот е искуство, а искуството е бренд” – изјави Steve King. “Овие способности ќе ни помогнат да ги ослободиме нашите потенцијали, со цел да овозможиме развој на нашите клиенти и да креираме подобро искуство за потрошувачите“.
Publicis One Македонија е интегрален дел од мрежатаPublicis Groupe глобален лидер во маркетинг, комуникации и дигитална трасформација. Во своите операции во Македонија обединува широка палета на маркетинг експертизи и ресурси: од стратегиско планирање, бренд конуслтинг, кретивни комуникaциски решенија, медиумско планирање и консултирање, дигитални стратегии, медиумскии и технолошки решенија, до односи со јавност и менаџмент на настани. На пазарот во Македонија е присутна од 1996 година преку креативните агенции Publicis и Saatchi & Saatchi, и медиумските агенции Zenith и Starcom.