Home » Во фокусот » Publicis Groupe ќе го води најголемиот дел од маркетингот на Hewlett Packard Enterprise

Publicis Groupe ќе го води најголемиот дел од маркетингот на Hewlett Packard Enterprise

Hewlett Packard Enterprise 1

После ревизија на својата бизнис стратегија, Hewlett Packard Enterprise (HPE) донесе одлука најголемиот дел од глобалниот маркетинг на компанијата да го води Publicis Groupe.

Портпаролот на HPE ја потврди оваа одлука. “HPE донесе одлука да ја префрли маркетиншката работа која моментално ја вршат BBDO, Doremus, Rapp и OMG на Publicis,” соопштија од компанијата, додавајќи дека оваа одлука нема да влијае врз силните врски кои HPE ги има со агенциите на Omincom – Ketchum, Siegel + Gale, Interbrand и GMR.

Портпаролот на HPE не даде дополнителни информации, но според луѓе запознаени со ситуацијата, Publicis Worldwide од Њу Јорк ќе биде водечката агенција, додека пак Prodigious, Digitas LBi, Optimedia и Razorfist ќе раководат со други аспекти на бизнисот. Ark Advisors беа консултанти за ревизијата.

Publicis Worldwide одбија да коментираат, но во внатрешен компаниски брифинг, директорот на Publicis Communications Артур Садоун изјави: “Она што започна во февруари како креативен питч во кој беше вклучена Publicis Worldwide – New York, набрзо се разви во нешто многу поголемо. HPE, препознавајќи ги трансформациските способности на нашта агенција, побараа да видат нешто повеќе. Нивното истражување доведе до поширока дискусија за Групацијата и набрзо беше разгледана можноста за потенцијално глобално решение, решение кое ќе ја искористи моќта на нашата компанија со цел да му се помогне на овој иконичен бренд да ја победи жестоката конкуренција на пазарот.”

Овој потег е потврда дека по својата реорганизација, Publicis Group станаа посериозни во однос на нудењето холдинг-компаниско ниво на решенија за своите клиенти. Минатиот месец, Publicis формираше нов субјект кој ќе биде задолжен за маркетингот на Walmart во САД. Оваа бизнис врска ќе биде водена од Садоун, кој после реорганизацијата на Publicis Groupe ги надгледува и Saatchi & Saatchi и Leo Burnett.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365