Француската маркетинг групација Publicis Groupe ја презеде агенцијата за спорт и култура 160over90, што претставува значаен чекор во нејзината стратегија за проширување во областа на спортскиот маркетинг. Овој потег ја одразува амбицијата на компанијата спортот да стане нејзина следна голема област на раст.
Основана во 2001 година, 160over90 е една од водечките агенции за спортски маркетинг во светот, со присуство во повеќе региони и искуство во работа на глобални настани како Супер Боул, Олимписите Игри и Светското првенство во фудбал. Агенцијата сега ќе стане дел од Publicis Sports.
Преземањето вклучува и ново партнерство со WME Group, поранешната матична компанија на агенцијата. Иако WME повеќе нема сопственички удел во 160over90, соработката ќе им овозможи на клиентите на Publicis пристап до мрежата на таленти и забавна индустрија на WME.
Генералниот извршен директор на Publicis, Артур Садун, го опиша спортот како „следната голема инвестиција“ на компанијата, нагласувајќи ја растечката важност на спортскиот маркетинг за брендовите кои сакаат да допрат до широка и ангажирана публика. Податоците покажуваат дека глобалниот пазар на спортски медиуми и спонзорства вреди стотици милијарди долари.
Компанијата планира да ја комбинира експертизата на 160over90 со своите капацитети во областа на податоците, технологијата и маркетингот базиран на вештачка интелигенција. Според раководството, ваквиот интегриран пристап ќе помогне да се трансформира спортскиот маркетинг и да се создадат посилни врски меѓу брендовите и публиката.

















