Home » Најнови вести » Агенцијата Публицис објавува оглас за две работни позиции

Агенцијата Публицис објавува оглас за две работни позиции

Агенцијата Публицис, за својата канцеларија во Скопје, објавува оглас за две отворени работни позиции:

  • Media Planner &
  • Digital Media Executive

Media Planner

 Квалификации кои треба да ги поседува нашиот идеален кандидат се:

  • Одлични аналитички, презентациски и преговарачки вештини
  • Познавање на медиумскиот пазар, рекламните канали и трендовите во огласувањето
  • Напредно познавање на англиски јазик
  • Напредно користење на MS Office пакетот (Excel и Power Point)

Работните одговорности и задачи вклучуваат:

  • Изработка на стратегии, медиа планови и закуп на рекламен простор
  • Мониторинг и оптимизација на медиските кампањи
  • Анализа на резултатите од кампањите и изработка на извештаи за клиентите
  • Градење на партнерски односи со клиентите и медиумите
  • Презентации на клиентите и учество на тендери

 

Digital Media Executive

Квалификации кои треба да ги поседува нашиот идеален кандидат се:

  • Минимум 2 години работно искуство поврзано со огласување на дигиталните медиуми
  • Одлично познавање на дигиталните медиуми, рекламни формати и следење на трендовите во дигиталниот маркетинг
  • Солидно познавање и искуство со работа на платформите Google Ads и Facebook Business Manager
  • Напредно познавање на англиски јазик
  • Напредно познавање на MS Office пакетот (Excel и Power Point)

Работните одговорности и задачи вклучуваат:

  • Развој на стратегии, медиа планови и закуп на рекламен простор на дигитални медиуми
  • Менаџирање на кампањите на дигитални платформи (Ad Server, Google Ads, Facebook Business Manager и др.)
  • Мониторинг и оптимизација на дигиталните медиски кампањи
  • Анализа на резултатите од кампањите и известување на клиентите
  • Градење на партнерски односи со клиентите и медиумите
  • Координација со другите тимови од агенцијата

 

Доколку ги исполнувате критериумите, сакате да го проширите своето знаење и да бидете дел од тимот на Публицис Скопје, испратете го Вашето CV на jobs@publicis.com.mk, најдоцна до 05.11.2018.

Во насловот на Вашиот e-mail задолжително внесете ја позицијата за која аплицирате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365