Home » Во фокусот » Publicis One & MSLGROUP ќе бидат ексклузивен ПР партнер на Golden Drum

Publicis One & MSLGROUP ќе бидат ексклузивен ПР партнер на Golden Drum

Следејќи го успехот на минатогодишната соработка, Publicis One и MSLGROUP уште еднаш ќе ги здружат силите со Golden Drum интернационалниот адвертајзинг фестивал-еден од светските најреномирани креативни натпревари – како негов ексклузивен ПР агенциски мрежен партнер. Задачата оваа година за MSLGROUP, регионална водечка ПР агенциска мрежа, е да ги поврзе 23-иот Golden Drum и годинашната фестивалска тема „Инспирирани да инспирираат“ каде преку пазарите, отвораат нови начини и најдобри практики за поврзување со локалните креативни заедници. 23-иот Golden Drum интернационален фестивал на креативноста, организиран од Словенечката рекламна комора, ќе се одржи од 18 до 21 октомври 2016 година во Љубљана, зелената престолнина на Европа за 2016 година, Словенија.

23 golden drum ljubljana

Фестивалот Golden Drum и MSLGROUP ќе работат заеднички за да го промовираат фестивалот низ повеќе од 37 пазари во Европа, Русија и заеднички ќе ја креираат натпреварувачката успешна приказна.

Миша Лукиќ, Извршниот директор за централно-источна Европа на Publicis One, гледа одлични можности кои лежат пред овие партнерства со Golden Drum: „Добрата енергија, креативните луѓе и работата со висок квалитет се моите први асоцијации за Golden Drum. Високите критериуми во евалуацијата, жирито составено од врвни професионалци, инспиративните теми и предавачи се главните карактеристики на овој фестивал. Golden Drum е секогаш добра можност да направите пауза од секојдневните обврски во период од неколку дена и да се потсетите зошто навистина ја сакате вашата работа“.

Мојца Бришчик, Генерален директор на фестивалот Golden Drum и Извршен директор на Словенечката рекламна комора, им посака добредојде на годинешните партнери: „Фестивалот Golden Drum ги премина границите на адвертајзингот и влезе во светот на креативноста во многу поширока смисла. Овие и други важни промени ќе бидат соодветно објавени и прифатени во сите 37 земји каде сме присутни, меѓу кои и информацијата дека решивме да се обнови и прошири соработката со Publicis One и MSLGROUP. Медијското и комуникациското партнерство е од посебна важност за нас денес, бидејќи сите се трудиме да изградиме и инвестираме во локалниот квалитет применувајќи ги најдобрите светски практики. Наше најголемо задоволство е да му посакаме добредојде на Себастиан Хејновски, Извршен директор на MSLGROUP за централна и источна Европа, како дел од Golden Drum семејството“.

Golden Drum Интернационалниот адвертајзинг фестивал, е еден од најголемите рекламни фестивали во Европа, каде секоја година се среќаваат над 900 експерти од областа на маркетингот, рекламирањето, креативци, дизајнери, млади таленти и студенти. Во текот на четири дена, годишниот фестивал нуди широк спектар на квалитетна програма со голем број реномирани и мулти наградувани гости говорници и нуди најголем преглед на креативни реклами од 37 земји. Ова е совршена можност да се здобиете со големо искуство за учење, да креирате нови пријателства и мрежи кои овозможуваат уживање во културната мешавина, како и можност да очекуваме некои дополнителни изненадувања.

 Важни датуми:

Влез и регистрација: отворени

Краен термин за регистрација: 29 август 2016

Краен термин за рана регистрација за делегати: 20 септември 2016

Повеќе информации за Golden Drum на: www.goldendrum.com.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365