McDonald’s ги одбра Publicis.Sapient и консултанската и технолошка фирма Capgemini за проектот кој треба да испорача стратегија за дигитални и технолошки иновации за познатиот ланец за брза храна.
Двете компании ќе бидат задолжени да им помогнат на McDonald`s да креира “искуство на ресторанот од иднината“. Според соопштението од Publicis, овој двоец го освои акаунтот после едногодишен питч и ќе и помогне на клиентот во унапредувањето на неговата понуда, вклучувајќи и нарачување од кисок, креирање на нови-иновативни веб апликации, мобилни нарачки и плаќања – како и во креирањето на иновативни дигитални услуги за вработените.
Capegemini, со седиште во Париз, планира да отвори и „Global Digital Retail Center“ во Чикаго како ги ја зајакнал оваа соработка.
“Благодарни сме што имаме прилика да го го ставиме нашиот бренд зад McDonald`s како заедно би го подигнале нивото кога е во прашање искуството на потрошувачите во годините кои доаѓаат, со помош на нашиот бизнис пристап концентриран кон клиентот и заедничката “опседнатост“ во креирањето на најдоброто можно искуство за купувачите“ – изјави Tim Bridges, раководител на глобалниот сектор за производи за широка потрошувачка , малопродажба и дистрибуција во компанијата Capgemini.
“Се радуваме на предизвикот да испорачаме дигитални и ресторантски технологии на разни локации ширум светот преку нашиот Chicago Global Digital Retail центар и другите центри на извонредност, што ќе ни овозможи доследни иновации и дизајн на новите технологии фокусирани на купувачите, истовременто покажувајќи лидерство во смислувањето на платформата“ – додаде тој.
“McDonald`s е познат бренд веќе генерации и продолжува да води во својата категорија со тоа што постојано воведува нови производи врз основа на потребите и желбите на нивните купувачи“ – рече Arthur Sadoun, претседател и главен извршен директор на Publicis Group, во соопштението. “Почестени сме што се приклучуваме на Capgemini во пронаоѓањето на начини на кои McDonald`s искуството може да биде извор на конкурентски предности на патот на трансформацијата на компанијата.