Агенцијата 180 Kingsday ја создаде најамбициозната бренд кампања за оваа компанија досега
Авиокомпанијата Катар Ервејс ја започна годината со лансирањето на својата најголема бренд кампања до денес, инспирирана од сјајот на Холивуд, насловена “Светот како никогаш порано” (“A World Like Never Before“).
Оваа кампања, која беше креирана од страна на агенцијата 180 Kingsday, донесува спој на дизајн, специјални ефекти и кореографија кој гледачите, но, и патниците во спотот, ги води на магично патување во светот на фантазијата.
Кампањата, која на глобално ниво започна на 17 јануари 2019 година, покажува како летањето со Катар Ервејс го трансформира целокупното искуство на патување и го претвора познатото во нешто навистина магично. Сè што патниците го гледаат и прават со Катар Ервејс станува искуство како никогаш порано.
Извршниот директор на групацијата на Катар Ервејс, Акбар Ал Бејкер изјави: “Оваа кампања го отелотворува сето она што е во срцето на вредностите на брендот Катар Ервејс, како и гордоста што ја споделуваме во обезбедување на исклучителни услуги за нашите патници од целиот свет.”
Извршниот креативен директор на агенцијата 180 Kingsday, Келј Хелзен, изјави: “Катар Ервејс е извонреден бренд кој создава искуства кои трансформираат. Многу сум горд на начинот на кој креативните амбиции, талентот и тимската работа се искомбинираа за да се создаде оваа кампања, која ја претставува следната еволуција во неверојатна приказна за брендот. “