Меѓународниот Олимписки комитет пред извесен период донесе Правилник за заштита на брендот за адвертајзинг пазарот и адвертајзерите, во кој забранува користење на Игрите за сопствена промоција.

olimpiski igri zabraneti raboti

Во своите правилници MOK наведува бројни примери на забрана, од основни работи како користење на логотипот и другите заштитени елементи, до ретвитување на службените објави. Идат до таму што забрануваат и честитање на спортистите за постигнатите успеси.

Ако не сакате да ве поздрават со некоја тужба, еве на што треба да внимавате ако планиравте да ги користите социјалните мрежи за да поврзете некој “Ваш“ бренд со buzz-от околу Олимписките игри, а не сте службен спонзор.

Во објавите на социјалните мрежи, во никој случај не би требале да ги користите:

  • Логотипот на игрите
  • Службените симболи (олимписките прстени/кругови)
  • Мотото на Олимписките игри (‘Altius, Citius, Fortius’ – Latin for ‘Higher, faster, stronger’)
  • Амблемот
  • Химната
  • Олимписки оган
  • Медаљите
  • Маскотите
  • Историски фотографии

Покрај заштитените елементи, Меѓународниот олимписки одбор на брендовите им го ограничува и користењето на “службените зборови и фрази“, како што се:

  • Олимписки
  • Олимпијада
  • Олимиски игри
  • Игри
  • Рио 2016
  • Нека започнат игрите
  • Патот до златото
  • Одиме по злато

(оваа листа постојано се проширува, така да подобро не пишувајте никаков збор и хаштаг што Ве асоцира на Олимписки Игри во Рио 2016)

Исто така на брендовите кои не се покровители на Игрите им е забрането и:

  • Објавување на било каква содржина поврзана со Игрите
  • Користење на службените хаштагови
  • Споделување информации од официјалните профили на Олимписките игри
  • Споменување на натпреварувачите
  • Споделување на фотографии од натпреварувачите
  • Честитање на натпреварувачите
  • Правење на наградни игри и настани на тема Олимписките игри

Накратко, ако не сте спонзор на Олимписките игри, не би требало да користите никакви текстуални конструкции ниту визуелни и звучни прикази кои на било кој начин се поврзани со Игрите, бидејќи сите елементи се ексклузивно право и сопственост на Комитетот.

Ако Меѓународниот или некој од националните олимписки комитети дознае дека сте објавиле содржина за Игрите или одлучиле да реагирате, во опасност сте да добиете тужба за кршење на правата.

Ако сте натпреварувач или спонзор на некој на натпреварувачите, а не сте службен партнер на Игрите, исто така би требало да се воздржите од објавување на содржини – бидејќи за Вас казните се уште поголеми. Спортистите кои ќе објават содржина која ги крши наведените правила или ако нивниот личен спонзор ги промовира – се соочуваат со закана за дисквалификација од Олимписките игри и одземање на сите освоени медали.

Нити еден учесник на игрите, било да е натпреварувач, тренер или службеник, не смее на било кој начин да учествува во активности кои би можеле да се искористат во рекламни цели.

Што сепак можете да направите?

– Real-time community management. Следете ги Игрите внимателно и вклучете се со креативна објава на својот бренд во вистинско време.

– Користете ги инфлуенсерите кои не се поврзани со овој настан, а кои имаат голема публика на социјалните мрежи. Физичките лица се слободни да објавуваат содржина врзана за Игрите, а тоа значи дека преку нив и Вашиот бренд може да ја пренесе својата порака.

– Сигурно ќе Ви текне уште нешто. Сепак. ние сме од Македонија :)