Гигантот за електронска трговија Amazon објави две нови реклами во кои им дава еден поинаков тек на приказните за принцезата Рапунзел и египетската кралица Клеопатра.
Во првиот спот, Рапунзел, како и секогаш, се наоѓа затворена во висока кула, меѓутоа наместо да го чека својот принц за да ја ослободи, таа си нарачува висока скала преку Amazon со премиум достава за еден ден и така комотно си се симнува од кулата. Потоа таа продолжува да изгради империја на фризерски салони.
Во вториот спот, Клеопатра опуштено си седи на покриена платформа и си гледа филмови преку Amazon, додека пак нејзините слуги мачно ја носат на топлото сонце низ пустината. Меѓутоа, гледајќи го филмот, таа сфаќа дека треба на некој начин да им возврати за нивните услуги, па се одлучува да им купи подароци преку Amazon. На крај гледаме како сите среќно и заедно се возат со теренски количиња низ пустината.
Двете реклами се создадени со помош на креативната агенција Joint London и продукциската куќа Hungry Man.