Home » PRESS » Растеме и напредуваме со Макпромет и Чунга Лунга

Растеме и напредуваме со Макпромет и Чунга Лунга

Чунга Лунга претставува многу повеќе од синоним за највисок квалитет. Сладок вкус, најголемата радост и огромни уживања се првите асоцијации на многу генерации за производите Чунга Лунга.

Чунга Лунга е дел од детството на секое дете, прва љубов на безброј девојчиња и најслаткото уживање за многу момчиња. Сонот на малиот Чунго да направи големи нешта започна во Словенија. Благодарение на работата на  интернационалната дистрибутерска куќа “Орбико”, Чунга Лунга ги освои срцата на најмладите од регионов, претврајќи го сонот во реалност. Денес традиционалниот вкус е дел од детството на секое дете во Македонија, но и пошироко во: Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Хрватска, Бугарија, Албанија, Грција, Германија, Австрија, Романија, Словенија, Чешка,Словачка, Молдавија, Унгарија. Децата, од сите овие земји уживаат во вкусовите на Чунга Лунга гумите за џвакање, слатките овошни и млечни карамели, неодоливите лижавчиња, вкусните кроасани, крцкавиот Чунга Лунга флипс, полнетите и тврди бонбони како и фантастичните желеа во различни бои.

Чунго заедно со неговата банда џвакери Луна, Кет, Флип, Мона, Пин и Спити продолжуваат да се забавуваат, уживајќи во игрите и детските лудории, но и во првите љубови низ сите овие земји.

Слатките задоволства на Чунга Лунга му овозможуваат на секое дете да учествува во натпреварот за најголем балон или да разменува сликички пред зграда, да учествува во наградните игри…

cunga lunga

Бандата џвакери тргнува во освојување на светот!

Модерната технологија и традиционалниот вкус на Чунга Лунга производите се спој кој постои повеќе децении, а одговорна за најслатките Чунга Лунга уживања е групацијата Макпромет АД од Штип формирана во далечната 1957 година.

Макпромет АД е бренд којшто помага и поттикнува голем дел од општествените случувања во државава. Една од водечките дејности на оваа групација е производство и трговија на кондиторски производи со врвен квалитет како и грижата кон своите корисници. Деновиве нашата најмлада популација пулсираше во ритамот на детските песни исполнети на фестивалот “Чунга Лунга” одржaн во Охрид. Оваа манифестација изнуди насмевки и радост кај многу деца од регионот, истите имаа можност да запеат, меѓусебно да се дружат но и да ги развеселат сите посетители со помош на нивните песнички.

Детскиот фестивал Чунга Лунга, веќе четири години е под генерално покровителство на нашата компанија Макпромет АД Штип. Со ова Макпромет уште еднаш покажа на дело дека неизмерно ги поддржува децата, детските активности и соништа.

Се грижиме за секој поединец и за секоја група, а нашата општествена одговорност ја докажавме во многу моменти. Преку спонзорирањето на Спортскиот натпревар за децата со хендикеп исцртавме неизбришливи насмевки на нивните лица овозможувајќи им социјална активност и дружење. Продолживме понатаму со организација на „Летните игри 2015г.“, на коишто им претходеше несебичната поддршка за реализација на бројни кошаркарски, фудбалски и ракометни натпревари и турнири. Најзабавниот месец во годината за секое дете и најголемото уживање на децата го одбележавме со манифестацијата „Априлијада 2015“, ја поддржавме и детската креативност овозможувајќи им да ги покажат нивните умешности и детски итроштини на „Маскенбалот 2015“. Но не застанавме овде, организиравме и „Мини маратон“, „Избор на Мис и Мистер“, „Летен спортски настан“, и уште низа други случувања со цел да помогнеме и допринесеме во развојот на децата и да им овозможиме поубаво место за живеење и развој.

Среќните детски лица и задоволните клиенти ќе останат наша приоритетна цел. Грижата кон нашите корисници продолжува и понатаму со уште многу други нови слатки задоволства, проекти, награди и уживања под логото на Макпромет АД. Групацијата Макпромет заедно со брендот Чунга Лунга остануваат потврда за синонимот за квалитет и успешност. Посветеноста во работата, модерната технологија, традиционалните вкусови, задоволните клиенти и понатаму продолжуваат да бидат нашиот најголем белег и доказ за успешна работа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365