Home » Во фокусот » Равид Куперберг на Direct Media Академија: Mindscapes креативните алатки се зрак светлина во мрачна соба

Равид Куперберг на Direct Media Академија: Mindscapes креативните алатки се зрак светлина во мрачна соба

Обично луѓето мислат дека иновативното и креативно размислување е најголемиот непријател на обрасците. И тука грешат. Бидејќи, дури и зад најиновативните идеи, може да се препознаат скриени обрасци и нивните кодови! Овие кодови ќе ги дешифрираат учесниците на модулите Медиуми и Брендиинг на Direct Media Academy, која ќе се одржи од 28 мај до 30 мај во Мадленианум. Во тоа, на специјална работилница Cracking the Codes of Creativity and Innovation, ќе им помогне Равид Куперберг, партнер и тренер на агенцијата Mindscapes во Израел, која одржува обуки за најголемите брендови и компании во светот. Како специјален гостин на академијата, Равид на Фестивалскоот ден на 30 мај ќе одржи предавање наречено Storyteching или “Како иновативната технологија се пренесува во ефективна нарација“.

  1. Тема на овогодинешната Direct Media Академија е „Нова ера на комуникациите”. Според вашето мислење, кои се карактеристиките на оваа нова доба заснована на дигиталната технологија?

Мислам дека storytelling –от сѐ уште е централна точка, односно начин на кој раскажувањето се промени и трансформира. На пример, трансформација од раскажување приказни на луѓето во давање приказни кои тие самите ги раскажуваат. Од поседување вредности во создавање заеднички вредности. Ова подразбира трансформирање од Storytelling во Storysharing на идеите, начините на кои брендовите денес ги користат иновативните технологии и платформи за да ја испорачаат вредноста која ја реализираат нивните приказни. Ова подразбира и трансформација од storytelling во StoryTeching – раскажување со помош на иновативни технологии. Технологијата никогаш не треба да биде суштината на една приказна, таа треба да помогне да се заживее.

A тука се и сите податоци што брендовите денес можат да ги мерат и користат. Податоците се исто толку моќни колку и приказната што можат да ја инспирираат.

  1. Кои предизвици ги препознавте како најтешки за брендовите и маркетинг експертите во досегашната работа со брендовите и агенциите ширум светот?

На памет ми паѓаат две работи кои се меѓусебно поврзани. Управување со стрeсот и управување со ризици. Брендовите денес, мора да ја препуштат контролата над крајниот креативен исход, а да ја задржат контролата над крајната порака која се пренесува. Нивната задача е да ја пренесат идејата / пораката и во исто време да го реализираат исходот што ги ангажира луѓето благодарение на автентичната и животната вредност или автентичната вредност на содржината. И сето ова во реалност во која се неопходни револуционерно размислување и минимално време за пласирање на пазарот. Ниту малку лесна задача …

Затоа, убеден сум дека структурираното размислување е исклучително вреден аспект на современата комуникација на брендот. И тоа е многу корисно во односот помеѓу брендот и агенцијата.

  1. Од вашите настапи на Direct Media Акедемија очекуваме „атрактивна и забавна содржина која ги брише границите помеѓу дигиталниот и физичкиот, помеѓу онлајн и офлајн светот“. Како брендовите би требало да се подготват за ова спојување на овие два светови?

Со користење на нивните капацитети за креативно размислување за две комбинирани задачи – идеја и имплементација. Одличната идеја која е лошо спроведена без да се разгледа целосниот потенцијал за ангажирање луѓе е залудна идеја. “Како” во креативното размислување може да биде исто толку вредно и креативно како “што” или “зошто”.

Тоа никогаш не треба да биде појдовна точка, но затоа никогаш не треба да го сметате за технички процес, туку за креативен. Можеби заради тоа денес не е доволно креативните таленти  да бидат само мислители или наратори – треба да бидат и креатори.

Тие треба да обезбедат креативни решенија не само за создавање идеја, туку и за нејзино заживување и трансформација во дел од животот на луѓето. За многу кратко време. Тоа треба да биде дел од нивната мотивација. И нивна одговорност. И тоа може да биде многу забавно, бидејќи ова е уште еден креативен свет во кој играат.

  1. Mindscapes методите се алатки креирани со анализа на најиновативните и најкреативните наградувани кампањи од целиот свет, во рамките на кои се дешифрираат повторувачите обрасци на размислување кои се нивен составен дел. Дали тие се универзални и прилагодливи за секој пазар? Која е нивната главна предност?

Мислам дека се. Тие треба да бидат релевантни и применливи на секој пазар и за секој бренд. Нивната немена не е да се замени човечката вештина на креативно размислување или лично искуство и професионално знаење. Тие треба да им служат и да придонесат да станат помоќни и поефикасни. Дури и најталентираните и најискусните креативни мислители мора да признаат дека размислувањето за идеите е најчесто како истражување на темна просторија – чекате да дојдете до добра идеја. Верувате дека тоа ќе се случи во одреден момент, но многу ќе помогне кога би постоел зрак на светлина со кој ќе знаете каде да започнете со истражување. Верувам дека токму за тоа функционираат нашите алатки за размислување. Кога сме веќе кај темнината, мислам дека нашите алатки за размислување исто така помагаат да се разјасни начинот на кој се раѓаат креативните идеи. Што помага да се реши проблемот со стресот што го споменав. Повеќе разбирање и повеќе логика значи помал стрес.

  1. Што можат да научат учесниците на работилницата „Cracking the code of creativity and innovation“?

Ако додадете структура на вашето креативно размислување, тоа станува поефективно и поефикасно. А оваа структура не ја нарушува способноста да бидете екстремни или неочекувани или оригинални. Напротив. Џон Клиз од серијата Монти Пајтон има неверојатно предавање снимено во деведесеттите години на оваа тема кое мора да го погледнете (да, знам дека е старо … но и денес е многу релевантно и забавно): https://youtu.be/Pb5oIIPO62g.

  1. Според Вашето мислење, кои квалитети и вештини треба да поседува еден маркетинг експерт во новата ера на комуникација?

Како и секогаш, клучната вештина е разбирање на луѓето, нивните животи и драмата што ја доживуваат. Како и креативни нови начини за решавање на истите кои се релевантни за брендот и неговиот живот. Како се прави тоа? Зарем не зборувам цело време за тоа?

Резервирајте ја својата котизација на време на www.directmediacademy.com

За Равид Куперберг


Равид Куперберг е искусен предавач на секогаш живи и исклучително сложени теми: структурирано креативно размислување во областа на бренд комуникацијата. Веќе долго време, експертизата на овој имагинативен и секогаш љубопитен креативец, кој е исто така и партнер во израелската агенција Mindscapes , широко се користи од страна на најголемите агенции и брендови во светот. Покрај тоа, треба да се споменат и триесетина Канаски лавови  (како и 3 Grand Prix Lion награди) кои се удобно сместени на полиците на  Mindscapes работилниците.

Инаку, под името Mindscapes стои разработен систем на тренинг за развој на креативно и иновативно размислување и дејствување. Методологијата на обуката е специјално прилагодена за секоја гранка на индустријата (адвертајзинг, медиуми, дигитал, TTL и односи со јавноста). Равид е поранешен маркетинг експерт со искуство на стратешки и креативни позиции. Својата кариера ја започна како стратешки планер, за потоа да се испроба во копирајтинг, а потоа своите креативни потенцијали да ги пренасочи кон позицијата на креативен директор. Често одржува централни предавања и обуки на најголемите меѓународни конференции за маркетинг и рекламни фестивали. Ова значи дека е неизбежен  гостин на престижниот фестивал на креативноста во Кан, но исто така и Direct Media Академија 2019 година!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365