Брендот за енергетски пијалоци Red Bull ги трансформираше автобуските станици во Сингапур во големи вендинг машини како дел од промоцијата на својата нова, поздрава, верзија наречена „Red Bull Plus.“
Инсталацијата, чиј идеен концепт е дело на Allswell Trading, a беше реализирана од Clear Channel Сингапур, прикажува голема лименка Red Bull Plus и им овозможува на минувачите да добијат бесплатен примерок до 30 октомври преку „куцнување“ со EZ-LINK картичка.
Кампањата вклучува и наградна игра која трае до 31 декември, а во која потрошувачите имаат можност да освојат награди во вредност до 280,000 долари.
Аманда Ву, комерцијален директор на Clear Channel Сингапур, по повод кампањата изјави: „Брендовите сé повеќе користат искуствени концепти и интерактивност за да создадат позитивни потрошувачки искуства. Кампањата за Red Bull Plus покажува како бренд комуникациите се адаптираат кон надворешната околина со цел да генерираат интеракции. Со 100% покриеност во и околу супермаркетите и малопродажните продавници, кампањата е стратешки пласирана да влијае врз зголемување на продажбата.“
Џени Фо, маркетинг директор во Red Bull Singapre, додаде: „Ние секогаш истражуваме интересни и иновативни форми на интеракција со нашите потрошувачи. Концептот на голема вендинг машина не само што му овозможува на нашиот производ да добие живот на еден визуелно влијателен начин, туку претставува и привлечен поттик за минувачите да го вкусат.“