Home » Во фокусот » Reese’s создаде конвертор на слатки за „Ноќта на вештерките“

Reese’s создаде конвертор на слатки за „Ноќта на вештерките“

Според луѓето кои ја прославуваат „Ноќта на вештерките“, постојат три нивоа во хиерархијата на слатки кои може да се добијат таа вечер: на врвот се големите чоколади, потоа следуваат малите „закуски“ како Snickers, M&M’s и Reese’s, додека пак дното се сите оние ефтини бомбони и лижавиња завиткани во целофан. Никој не ги сака овие последните и најчесто остануваат неизедени се’ до моментот на доживеана „шеќерашка криза“.

Тука брендот за слатки Reese’s понуди една алтернатива за жителите на Њујорк. Имено, вечерта на 31 октомври („Ноќта на вештерките“), на неколку локации низ градот, брендот постави „Конвертор на слатки“ – вендинг машина која како платежно средство ги прима ефтините „целофан“ бомбони, а за возврат дава производи од Reese’s.

Кампањата беше осмислена од агенцијата Anomaly, а генералниот креативен директор Кристен Гињак изјави: „Секогаш постојат работи во торбата од кои сакате да се ослободите. Ова е важен ритуал за „Ноќта на вештерките“, па одлучивме да се поставиме токму во центарот на тој ритуал.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365