Порталот Маркетинг Мрежа од Србија, во соработка со агенцијата MASMI Белград и годинава започна со истражување кое се занимава со клучните теми од областа на маркетингот и комуникациите, како и трендовите за 2017 година.
Прашалникот е наменет за стручњаците од секторите за корпоративни, дигитални комуникации и маркетинг за земјите од регионот (Србија, Хрватска, Македонија, БиХ, Словенија и Црна Гора). Целта на истражувањето е согледување на состојбата на професијата во регионот, како и трендовите и предизвиците кои не очекуваат во наредната година.
Со оглед на тоа дека знаеме колку е важно да знаеме каде сме и каде сакаме да одиме, кога е во прашање развојот на професијата, ги повикуваме колегите од компаниите и агенциите да земат учество во ова истражување со пополнување на прашалникот за кое ви се потребни околу 5 минути.
Кон прашалникот можете да пристапите на ОВОЈ ЛИНК.
Сите резултати прикажани како групни ќе бидат претставени на форумот за комуникациски лидери – IZAZOV 2017 кој ќе се оддржи на 1-ви и 2-ри март во хотелот Crowne Plaza во Белград.