Home » Во фокусот » Регионот на пат кон Ровињ: Денес започнува 8. Weekend Media Festival

Регионот на пат кон Ровињ: Денес започнува 8. Weekend Media Festival

Повеќе од 4.000 маркетинг и ПР стручни лица, новинари и студенти од целиот регион, а и од останатите земји од Европа и светот се на пат кон Ровињ, каде денес се отвора 8. Викенд Медиа Фестивал (Weekend Media Festival), најголемиот регионален собир од областа на комуникацијата. До 27 Септември во просторот на старата фабрика за тутун во Ровињ ќе се одржи програма преполна со предавања, презентации, панел дискусии и концерти, во рамки на едно целодневно дружење, разменување на идеи и развивање на нови проекти.

Nespes

„Турбулентните случувања кои ги следиме овие денови во останатите области од животот во регионот не го намалија интересот за нашиот фестивал. Всушност, многу го препознаа фестивалот како идеален момент и место за размена на искуства и вкрстени полемички копја на темите кои не окупираат секојдневно. Очекуваме највозбудлив Викенд до сега.“, изјави директорот на Weekend Media Festival, Томо Рицов.

Најголем интерес кај пошироката јавност предизвикува доаѓањето на Антони Ле Ру, генералниот директор на Uber, од кој се очекува во Ровињ да открие нешто повеќе за плановите на компанијата чиј иновативен модел на такси услуги создава отпор кај државните регулатори во многу земји. Викенд Медиа Фестивал ќе ги угости и главните луѓе на хрватскиот туризам, кои ексклузивно ќе го претстават новиот генерален креативен концепт од кој произлегува и новиот слоган на хрватскиот туризам “Хрватска, полна со живот“ (“Croatia, full of life!”). Покрај генералниот концепт, во Ровињ ќе можеме да ги видиме и премиерите на креативните решенија на кампањите кои наскоро ќе започнат со емитување на пазарот.

Конференцискиот дел од програмата, како и секогаш, ги опфаќа најновите трендови во медиумите и бизнис светот. Овој пат тоа се programmatic, сосем нов начин на закуп на медиуми, и native advertising и искуството кое маркетиншките стручни лива и медиумите го имаат со тој облик на огласување.

Оваа година имаме многу богата програма која ќе се одвива паралелно на шест простори. Ако се најдете во ситуација да не можете да одлучите на што да присуствувате затоа што ви се допаѓаат повеќе панел дискусии, ние сме ја постигнале нашата цел. Сепак, богатата програма ќе овозможи секој да може да има свој Викенд и да понесе со себе од Ровињ нешто поинакво“, говори програмскиот директор, Никола Врдољак.

Покрај Ле Ру, програмата од предавања и панели носи и други подеднакво интересни учесници, меѓу кои Атанас Рајков, генерален директор на Viber за средна и источна Европа, Брајан Морисеј, главен утредник на Digiday, членовите на групата Laibach, како и поранешниот светски рекордер на 110 метри со препреки, Колин Џексон, денес глобален директор на хуманитарната организација Wings for Life.

Партнери на Weekend Media Festival оваа година повторно се регионалната ревија BalCannes и наградата SoMo Borac. BalCannes четврта година по ред, во соработка со Хрватското Здружение за Односи со Јавност (HURA), ќе ги вреднува најдобрите агенциски проекти од шест земји од регионот, а SoMo Borac во својата трета година ќе додели 24 статуетки печатени во 3D технологија за најдобрите регионални дигитални проекти во осум категории.

Во музичкиот дел од програмата, покрај традиционално врвните диџеи, ѕвезди на овогодинешниот Викенд се хип хоп freestyler-от од Осиек, Kandžija и неговиот бенд Gole žene, кои настапуваат во петок. Новата сензација на хрватската сцена Мики Солус и ветераните од Загрепската сцена Kawasaki 3p, кои ќе го затворат 8. Weekend Media Festival со концерт во сабота.

Сите информации за фестивалот, како и програмата можете да ги пронајдете на веб страната: www.weekendmediafestival.com.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365