Home » Во фокусот » Регрутирањето нови таленти е најголем предизвик за ПР агенциите ширум светот

Регрутирањето нови таленти е најголем предизвик за ПР агенциите ширум светот

Можноста да се привлечат нови топ таленти е најголема грижа за ПР агенциите ширум светот, ако се верува на истражувањето кое беше спроведено од страна на The Holmes Report и International Communications Consultancies Organisation (ICCO) како дел од Светскиот ПР извештај.

Дури 39,9% од испитаниците обележале “регрутирање“ како еден од најголемите предизвици со кои се соочува нивната ПР агенција што претставува зголемување на процентот од минатата година (беше 36,9%) кога беше рангирано како втор предизвик веднаш зад “целокупната економска ситуација“ (37,6%).

Економските услови се помал “предизвик“ за оваа година, бидејќи нив ни обележале само 25,8% од испитаниците и се рангираат како трета грижа, после “регрутирањето“ и “клиентите кои не алоцираат доволно средства за ПР“.

Еве како изгледаат топ предизвиците за ПР агенциите според светскиот извештај на The Holmes Report и ICCO:

Challenges for PR agencies

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365