Home » Extra 5 » Рекламата на Mоtörhead за Kronenbourg пивото

Рекламата на Mоtörhead за Kronenbourg пивото

Рокерите и металците низ светот го цитираат Ниче по смртта на легендарниот Леми Килмистер, вокал и басист на Motörhead, (“Бог е мртов”). Но, малкумина можеби ја имаат забележано рекламата за пивото Kronenbourg 1664 која бендот ја сними во 2010 година.

1664, пивски бренд во сопственост на Heineken, ги најми Motörhead да снимаат спора акустична блуз верзија на нивната позната и многу брза песна “Ace of Spades” за “Slow the Pace” кампањата од BBH London, наметнувајќи ја идејата дека треба време за целосно да се осети и ужива во комплексниот вкус на 1664.

Како и што прилегаше на него, објаснувањето на Леми зошто бендот ја направи рекламата беше целосно искрено. “Добивме многу пари од пивската компанија. Тие побараа од нас и ние рековме да. Колку? Не е ваша работа”, изјави Леми тогаш за Q магазинот.

Искреното однесување ја водеше несекојдневната кариера и живот на Леми. Повеќе од кој и да било во музичката индустрија, тој живееше на врвот од молњата, живеејќи по своите правила и следејќи ги своите инстинкти се’ до крајот.

Нека почива во мир.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365