Home » Во фокусот » Реклама со граматичка грешка која не може да не се забележи

Реклама со граматичка грешка која не може да не се забележи

Уште еден пример на намерно направена грешка со цел да се привлече внимание и тоа во магазинот Oxford American, посветен токму на јазикот и книжевноста

Како да ги натерате читетелите на еден од најценетите книжевни списанија да ја забележат Вашата реклама? Ставете голема грешка во самиот наслов. Тоа сигурно ќе допре до нив!

Токму тоа беше оваа забавна и по малку провокативна идеја којшто еден огласувач во Кентаки ја искористи во својата реклама во новото издание на магазинот Oxford American. „We speak you’re language” (каде што наместо you’re треба дастои your), пишува во насловот на рекламата на цела една страница, која ја пласираше организацијата Kentucky for Kentucky, која неофицијално ја промовира државата Кентаки.

Колку и да “боде“ очи , тоа „you’re“ било намерно и за да нама забуни, на дното на страницата е напишано објаснување кое вели: „We know. It’s ‘your’ not ‘you’re“. Во објаснувањето искрено се додава дека организацијата сфатила дека оваа граматичка грешка може да биде најдобар начин за нивната реклама да се истакне во престижниот магазин Oxford American.

Подолу погледнете ја целата реклама:

Вит Хилер, коосновач на Kentucky for Kentucky, изјави дека наспроти нивните грижи дека идејата ќе биде одбиена од уредниците на магазинот Oxford American, тие биле воодушевени од идејата и додава дека жената во рекламата е всушност една од уредниците на магазинот, Ребека Гејл Хауел.

Хилер вели дека идејата со грешката дошла во последен момент.

Мило ми е што го направивме тоа“, вели тој. „Во нашиот тим, на сите  им се допадна идејата и сите сметаа дека е тоа смешно, но неколку беа малку загрижени дека би можеле да имаме проблем заради тоа. Упорно наговараа да ставиме објаснување веднаш под насловот. Мислеа дека луѓето ќе го пропуштат објаснувањето на дното од страницата, и дека ќе не` прозиваат на социјалните мрежи. Јас лично, сакав објаснувањето да го направам што е можно помало. Нека дојдат хејтерите. Ми се допаѓа тоа што рекламата изгледа толку сериозно, а всушност не е. Ќе видиме што ќе се случи. Се надевам дека на сите ќе им биде забавно.“

Креативни директори на проектот се Хилер и Грифин Ван Метер, дизајнер е Рејчел Синкер, фотографиите ги направи Савана Барнет, а текстот за објаснување го напиша Колман Ларкин.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365