Home » Во фокусот » Рекламата на Амазон за време на Супер Боул која ги одушеви гледачите

Рекламата на Амазон за време на Супер Боул која ги одушеви гледачите

Оваа реклама измами насмевка на лицето на сите за време на Супер Боул натпреварот

Амазон беше еден од огласувачите, чија што реклама за време на Супер Боул беше една од најинтересните, а е наречена “Alexa Loses Her Voice“ Во ова видео, кое изобилува со широк спектар на ѕвезди од малите и големи екрани, Амазон замисли што би можело да се случи доколку нивниот виртуелен асистент Алекса го изгуби својот глас и нивниот “план Б” во секој случај е урнебесно забавен.

Покрај најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, листата на ѕвезди во рекламата ги вклучува и готвачот Гордон Ремзи, раперката Карди Би, актерката и комичарка Ребел Велсон и актерот Ентони Хопкинс.

Со времетраење од една минута и пол, креаторите на оваа реклама имале многу време за играње, и таа прилика ја искористија одлично, дури и вклучувајќи пауза од шест секунди без било каква акција (овие паузи се познати како “comedy gold ” во шоу-бизнисот, и во овој случај тоа е буквално, бидејќи тие шест секунди за Супер Боул чинат “смешни” милион долари). Рекламата измами насмевки на лицето на гледачите, а тоа е резултатот кој го посакуваше Амазон.

Рекламата ја изработи агенцијата Lucky Generals, во соработка со креативниот тим на Амазон D1.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365