Home » Во фокусот » Рекламата на компанијата Dodge со говорот на Мартин Лутер Кинг, доби свој „римејк“ кој зборува токму против огласувањето

Рекламата на компанијата Dodge со говорот на Мартин Лутер Кинг, доби свој „римејк“ кој зборува токму против огласувањето

Автомобилската компанија Dodge Ram се најде на ударот на критиките по прикажувањето на нивната реклама за Супер Боул, во кој беа искористени зборовите на легендарниот борец за човекови права, Мартин Лутер Кинг, што предизвика многу негативни реакции на социјалните мрежи.

Брендот користеше исечок од славниот говор на Лутер Кинг, „Drum Major Instinct“, за да ја промовира својата волонтерска програма „Built To Serve“, но многумина беа навредени што брендот се дрзна да ја поврзува иконата на човековите права со реклама за автомобили.

Компаниајата Dodge Ram очигледно сакаше да поттикне емоции со оваа реклама, но невешто поттикнале погрешен вид на емоции.  Полемиките настанаа околу тоа дали брендот требаше да го користи ова, но многумина се запрашаа и дали брендот имал дозвола за користење на истиот. Погладнете ја рекламата во продолжение:

Како што онлајн расправите се развивале, се појави и изменета верзија на рекламата, која ја објави магазинот Current Affairs.

Во нивниот спот насловен „What Martin Luther King Actually Thought About Car Commercials“, е користена оригиналната снимка од рекламата на Dodge, но со силна порака против комерцијализмот, огласувањето и авто индустријата, а куриозитет е тоа што нарацијата за овај спот е исто така земена од истиот онај говор на Мартин Лутер Кинг, што го користеше и Dodge во својата реклама.

Лутер Кинг овде вели: „Присуството на овај инстинкт објаснува зошто огласувачите често не` привлекуваат. Ги знаете, тоа се оние господа со огромна способност за усмено убедување. И тие имаат начин да ви кажат работи кои ќе ве наведат на купување. За да бидете достоинствен човек, морате да го пиете ова виски. За да ви завидуваат соседите, морате да го возите овај автомобил. За да бидете сакани или да сакате, морате да го носите овај кармин или овај парфем. И знаете, пред да се завртите, ви едноставно ги купувате овие работи. То е начинот на кој огласувачите работат.“

Погледнете ја и „ревидираната“ реклама во продолжение:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365