Home » Digital » Реклами ќе се прикажуваат и на WhatsApp

Реклами ќе се прикажуваат и на WhatsApp

Наскоро во популарната чет апликација би можело да бидат прикажувани и реклами

Откако од Snapchat ги позајмија stories, WhatsApp одлучи дека би било добро да додадат поддршка и за стикери, а сега, се чини, најавуваат и реклами.

Потпретседателот на WhatsApp, Крис Даниелс, во интервју за индиски Economic Times, во кој зборуваше за монетизацијата на инаку бесплатната апликација, изјави дека покрај платени бизнис профили, наскоро планираат да заработуваат и од обичните корисници, кои се повеќе од една милијарда и половина. Како што изјави тој, наскоро ќе почнат да се прикажуваат и реклами во рамките на апликацијата.

За среќа, рекламите треба да бидат поставени во делот “Статус”, како што се нарекува во оваа апликација споменатата stories опција на Snapchat. Според нив, ова е погодно место за пласирање на реклами кои нема да бидат нападни, а ќе овозможат WhatsApp да остане бесплатна за крајните корисници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365