Петтиот по ред SoMo Борец, кој ги доделува наградите за најдобрите дигитални кампањи во девет категории на Weekend Media Фестивалот во Ровињ, ги собори сите досегашни рекорди во пријавите. Пристигнале дури 145, што е најмногу до сега – се работи за зголемување од 40% во однос на претходната година.
Најголем број на пријави има во категоријата SoMo Social, каде што се 25, потоа во категоријата Digitalni Mix каде што се 24 пријави и во категоријата SoMo Content каде има 22 пријави.
“Многу ни е драго што добивме голем број на пријави во сите категории”, изјави Ружица Врдољак Личина, коорганизатор на SoMo Борец, “ а особено не радуваат и дури 16 –те пријави во категоријата SoMoRitanac, но и големиот број на пријави во технолошките категории – SoMo App, SoMo Web и SoMo Tech. По она што го видовме, конкуренцијата е исклучително силна и кој и да влезе во финалето ќе знае дека работи многу добра работа”.
Пред жири комисијата сега е тешка и одговорна задача – да се изберат најдобрите. А тие ќе ги дознаеме на доделувањето на Викенд Медиа фестивалот во Ровињ. Самото доделување е на 23 септември во 12:30 часот.
SoMo Борец следете го на: www.somoborac.com и на Фејсбук страната: www.facebook.com/somoborac/ .