Home » Во фокусот » Репортери без граници: Македонија на 109 место според Индексот на слобода на медиумите во светот

Репортери без граници: Македонија на 109 место според Индексот на слобода на медиумите во светот

Македонија е рангирана на 109-то место во најновиот Извештај за слобода на медиумите на Репортери без граници, што е напредок за две места во споредба со минатата година кога се најдовме на 111-тата позиција. Сепак, и понатаму сме меѓу најлошите во регионот

Од организацијата велат и дека покрај малото подобрување на состојбата, сепак нема значителни промени во однос на економската ситуација на новинарите во Македонија кои се слабо платени, а работните места не им се сигурни.

Од земјите во во регионот, најслободни медиуми има во Словенија која е на 32 место, Босна и Херцеговина е 62, Хрватска 68, Грција 74, Албанија е 75, Србија 76, Косово 78, Црна Гора 103-та, додека пак најслабо пласирана е Бугарија која се наоѓа на 111. место.

Во годишниот извештај, невладината организација предупредува дека и слободата на медиумите во светот е намалена, а омразата кон новинарите се засилува особено во Европа и во САД. Се истакнува и дека говорот на омраза и напади врз новинарите веќе не се присутни само во авторитарните држави и дека во голем број на земји, политичарите па дури и некои претседатели ги навредуваат критичките новинари како предавници или терористи.

„Мислам дека развојот на настаните во Централна и Источна Европа јасно ни укажува на тоа дека се соочуваме со се уште не воспоставени демократии, чие што членство во Европската Унија можеби дојде прерано.“ – изјави Кристијан Мир – претседател на репортери без граници за Германија.

Во светот најслободни медиуми има во Норвешка, Шведска и Холандија, а слободата на медиумите е најзагрозена во Туркменистан, Северна Кореја и Еритреја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365