Американскиот козметички гигант Revlon ја избра Grey за своја меѓународна креативна агенција како проширирување на соработката со медиумската агенција MediaCom која веќе управува со медиските буџети во реонот на Северна Америка, со што го консолидираше својот бизнис во групацијата WPP, каде дел се и двете агенции.
Во соопштението до вработените, цитирано од AdWeek, претседателот и извршен директор на козметичката компанија Фабијан Гарсија пишува дека Grey има големо искуство и веќе докажана експертиза во козметичката индустрија, споменувајќи за речиси 30-годишното работење со брендовите на P&G.
Глобалниот извршен директор на Grey, Џим Хијкин, по повод соработката надополни дека агенцијата ќе обезбеди интегрирани комуникациски услуги кои ќе вклучуваат традиционални и дигитални пристапи на рекламирање, промоции и различни видови на маркетинг активации.