Home » Во фокусот » Револуцијата со виртуелната реалност наголемо пристигна во CNN

Револуцијата со виртуелната реалност наголемо пристигна во CNN

CNNVR

Џејсон Фаркаш од CNN е во првите редови на луѓе кои ја употребуват VR технологијата во вестите. Иако самиот се прогласи за ” евангелист ” за VR , тој , исто така, признава дека има некои предизвици кои треба да се надминат пред таа да стане стандардно искуство. Да се користи не само за вести , туку и за сите други форми на медиуми. VR има многу предности над 3D, вели тој, но сепак цената ќе биде ниска.

3D се покажа како многу скапа инвестиција од страна на потрошувачите – тие мораа да купат нови телевизори кои чинеа над 1000 долари “. За VR основната технологија е веќе вградена во секој паметен телефон”. Слушалките се само евтин прилог на вашиот постоечки мобилен телефон.”
Оваа погодност ќе стане повеќе очигледна за неколку недели, со лансирањето на Daydream на Google, платформа за висок квалитет на мобилен со вклучена VR каде CNN е партнер кој го помага лансирањето. Иницијативата исто така ќе биде поддржани од страна на видео компанија Hulu и објавена од познатите блогери на YouTube на Google.

До сега, уживањето во VR во голема мера беше ограничено, освен за оние кои се подготвени да платат за слушалки од Oculus Rift или HTC Vive , што чинат од 400 до 700 фунти.
За разлика од многу луѓе кои рано ја прифатија VR и сметаа дека е хардкор и гејмерски, ентузијастот Фаркаш, кој воедно е и извршен продуцент на CNN Money , смета дека секој што користел VR слушалки ќе се воодушеви од тоа искуство.

CNN ги фокусираше своите активности на Oculus базираната 360 платформа. “CNN има 22 милиони следбеници на Фејсбук , со што претставува најгласниот мегафон за VR во моментот и споделување на ударни вести”, вели Фаркаш .
Фаркаш беше поставен за надзорник за 360 степени покриеност на CNN во октомври минатата година, за првата демократска дебата на изборите во 2016 година. Гледачите од повеќе од 100 земји беа во можност да ја гледаат сцената од четири различни позиции каде Хилари Клинтон ја наследи Берни Сандерс. Фаркаш сега признава дека експериментот го научи на важни лекции . ” Тоа беше вистинско учење за тоа што работи, и не работи во VR. “

Магазинот Тајм посочи дека искуството е интересно, но не се согласи дека VR треба да биде иднината на телевизијата. “Најмногу од сè, слушалките го спречуваат гледачот да уживаа во дебатата со неговите пријатели“.
“Ова е клучен момент, идејќи социјалните медиуми имаат клучна улога во презентирањето на вестите – VR ќе треба да биде во согласност со таа култура“.

CNN е посветен на медиумите. Почетниот тим за VR во Њујорк се прошири во Лондон, Хонг Конг и Лос Анџелес. Од друга страна, факт е дека СНН новинарите работат на различни локации, имаат поголем пристап од било кој друг за вести и организација на сите настани во светот и сега го додаваат 360 видеото како дел од тоа моќно информативно јадро.
Основниот комплет е доставени до сите бироа и содржи пластична опрема, 3D печатач и шест GoPro камери, од кои секоја функционира независно. Комплетот е ефтин и “со големина на грејпфрут”. Вели Фаркас.

Иднина или каприц?
“Користењето на VR треба да допре до човештвото и да има големи импликации за вестите “, вели Фаркас. “Тоа мора да биде различно искуство од само обичното гледањето вести . VR има неверојатна моќ. Ќе може да погледнете лево, десно, зад вас, или да видите работи кои ќе ве однесат како да сте на друго место. “

BBC исто така најави дека  планира да преземе некои чекори за воведување на VR најпрво во филмот: “Ние чекаме“  – каде мигранти патуваат на бродови што се опасни по живот од Турција во Грција и бегаат од шверцери. Овој филм се базира на интервјуа со мигранти од страна на новинари. Користени се техники, како дигиталната анимација и VR. Соопшти Сегал од CNN. Сето тоа обезбедува огромна можност за компаниите да погледнат нивното портфолио и потенцијално да се прошират надвор од нормалното 2D производство “.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365