Home » Во фокусот » Роботите доаѓаат и тоа на голема врата – порака која ја испраќа уште една ѕвезда на новото издание на Денови на комуникации

Роботите доаѓаат и тоа на голема врата – порака која ја испраќа уште една ѕвезда на новото издание на Денови на комуникации

По големиот интерес за првите најавени предавачи на Денови на комуникации, фестивал за маркетинг комуникации во организација на HURA и IAB Хрватска кој ќе се одржи од 28 до 31 март во Ровињ, организаторите најавија уште еден експерт, кој во Хрватска доаѓа овој пат од Њујорк. Че-Веи Ванг, врвен дизајнер, уметник и креативец, ќе одржи предавање на тема “Can machines make aesthetic design decisions?“ и притоа одговара дека може – “Роботите доаѓаат и време е да се загрижите”.

Поранешен студент на MIT, NYU и Институтот Прат и изложувач во салвниот MoMA (Museum of Modern Art), Че-Веи Ванг, е еден од светските лидери во областа на компјутерскиот и генеративен дизајн и експерт за време и креативно пресметување.

Многумина од нас веруваат дека креативноста е една од човечките особини кои не можат да бидат копирани. Сепак, Ванг ќе ја претстави својата визија и начините на кои компјутерите размислуваат креативно и преземаат делови од процесот на креирање, креативноста и дизајнот, кои досега ги сметавме за свети и резервирани само за човекот. На неговото предавање на Денови на комуникации, а подоцна и во дијалог со учесниците на фестивалот, ќе дознаеме што е тоа дизајн базиран на алгоритми кои ги користи и НАСА и дали има  простор за човечката креативност во прецизниот роботски дизајн.

Че-Веи Ванг е уште еден од светските лидери кој го отвора патот за другите во областа на генеративниот дизајн, а на Денови на комуникации доаѓа со претходно најавите глобални лидери Мет Биспиел, добитник на наградата за најдобар огласувач во светот и двократен добитник на наградата за најефективен огласувач во светот, и Јусеф Тукан Тукан, визионер на дигиталниот маркетинг и глобален директор за иновации на Accenture Interactive, консултантска фирма која работи во 120 земји,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365