Home » Extra 5 » Рокери и дизајнери во Ровињ ја претставија новата доба во комуницирањето

Рокери и дизајнери во Ровињ ја претставија новата доба во комуницирањето

Спојување на дигиталните медиуми и архитектурата, рокери и маркетинг, како и програмирање и дизајн – сето тоа е претставено на фестивалот Денови на комуникациите во Ровињ кој ги собра врвните стручњаци од целиот свет

Индустријата на комуникациите и нејзините трендови се менуваат со се` поголема брзина, а во сето тоа брзината и иновациите стануваат клучно мерило за успех. Затоа овогодинешното издание на фестивалот Денови на комуникациит во голем дел се посвети на вистинската мала револуција во светот на комуникациите. Така на публиката во Ровињ им се претстави Natasha Jen, дизајнерка позната по спојување на дигиталните медиуми и архитектурата и најмлада партнерка во едно од најпрестижните студија за дизајн, студиото Pentagram во Њујорк.

Покрај Jen, во Ровињ гостуваше и Yasuharu Sasaki, извршен креативен директор на Dentsu со подлога во компјутерските науки, кој го претстави својот иновативен поглед на технологијата, дигиталните решенија и дисциплината по пат на корисничко искуство (UX). А помеѓу друштвото кое ги разбива сите конвенции во индустријата на деловното комуницирање, се најде и рокерската мркетинг агенција од Шведска, SNASK. Со своето предавање и музички перфоманс, тимот на SNASK покажа и како работи на изградување на сопствениот бренд, на што многу компании и агенции лесно забораваат.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365