SoMо Борец, наградата која се доделува на Викенд Медиа Фестивалот, а која ја организираат агенциите 404 и Јасно & Гласно, ги препознава најдобрите во регионот од дигиталниот свет.
Како што веќе целиот регион знае, наградата се доделува во 8 категории и така секоја година дознаваме која е најдобрата Facebook страница во регионот, кој најдобро раководи со останатите социјални мрежи како Инстаграм или Твитер, но и кој ги осмислил и реализирал најдобрите мобилни апликации. Освем тоа, во склоп на SoMo борец ќе го видиме и глобалниот блокбастер на годината, најдобриот контент-маркетинг проект како и најдобрата интегрирана кампања. Оваа година се избира и “Дигиталец на годината“ – станува збор за личност која во некоја компанија води дигитален одел и има што да покаже.
Пријавите на SoMo борец се бесплатни, а како што веќе знаете, рокот е продолжен до 9. септември. Дознајте повеќе на www.somoborec.com