Home » Во фокусот » Сакате да направите сопствено пиво? Сега постои решение

Сакате да направите сопствено пиво? Сега постои решение

За кафе од капсули веќе сите знаеме, но со помош на капсули сега можеме да направиме и пиво

LG Electronics најави дека на саемот CES 2019 ќе претстави уред кој би можел да ги одушеви сите љубители на пивото и оние кои сакаат да експериментираат. Имено, тие дизајнираа уред за производство на крафт пиво LG HomeBrew кој функционира по принципот на капсули.

LG HomeBrew е добитник на наградата за иновации на саемот CES 2019 година, а овај уред го прави поедноставен самиот процес на производство на пиво, благодарение на капсулите за еднократна употреба, оптимизирани со алгоритам за ферментација и практична функција за само-чистење.

Овој систем на база на капсули го прави производството на “домашно” пиво поедноставно. Со помош на збир на еднократни капсули – кои содржат слад, квасец, масло од хмељ и арома – и со притискање на едно копче, корисниците можат да се опуштат додека машината го автоматизира целиот процес од ферментација, карбонизација и созревање (стареење) на пивото, до послужување и чистење. Бесплатната апликација (за Andorid и iOS уредите) им овозможува на корисниците да го проверат статусот на зреењето на пивото во секое време и насекаде.

Уредот HomeBrew дури и го зголемува квалитетот на пивото кое го произведува бидејќи користи користи оптимизиран алгоритам за ферментација кој интелигентно го контролира процесот на ферментација. Паметниот систем на капсули ги отстранува сите фрустрации околу чистењето, кои се поврзуваат со традиционалните методи на производство на пиво дома, а сè автоматски се дезинфицира со помош на топла вода и со тоа се гарантира дека сè е хигиенски чисто за следната рунда.

Корисниците можат да изберат пет различни пива: американско IPA, американскo Pale Ale, англиско Stout, белгиско Witbier и сув чешки Pilsner. Уредот може да произведе до пет литри пиво со врвен квалитет за околу две недели, во зависност од видот на пивото.

Кога овај уред ќе биде достапен и по која цена, ќе биде познато во јануари, откако ќе биде претставен на саемот CES 2019 во Лас Вегас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365