Home » Digital » Само 4% од луѓето во Велика Британија може точно да идентификуваат дали една новост е вистинска или лажна

Само 4% од луѓето во Велика Британија може точно да идентификуваат дали една новост е вистинска или лажна

Само 4% од возрасните лица во Велика Британија може точно да идентификуваат дали една новост е вистинска или лажна, во согласност со анализираните податоци добиени од истражувањето спроведено од страна на ‘’Channel 4’’, кој како дел од новостите ги споделува во својата т.н ‘’Недела на лажни новости.’’

Извор: bbci.co.uk

Во истражувањето спроведено во период од два дена извршено врз репрезентативен примерок од 1,684 возрасни лица од Велика Британија, на испитаниците прикажани им беа 6 индивидуални новинарски приказни од кои 3 лажни а три вистинити, само 4% од испитаниците успеале да ги идентификуваат точно. Скоро 5 од 10 испитаници (49%) од испитаниците мислеле дека барем една од лажните приказни е вистинита новост.
Половина од уверените испитаници кои мислеле дека можат лесно да ја препознаат разликата помеѓу лажна новост и вистинска биле збунети барем од една од лажните новости за кои се одлучиле дека се вистинити.
Студијата исто така открива дека ‘’ехо комората’’ на социјалните медиуми на јавноста и оневозможува лесно да препознае дали станува збор за вистина или фикција. Од оние кои ги нагласиле новостите кои се појавуваат на Facebook како свој примарен извор на новости, скоро ¾ (71%) мислеле дека најмалку една од лажните новости била вистинита, додека пак околу половина (47%) кои примарно назначиле дека ги добиваат бараните информации преку издавачи ја направиле истата грешка.

2/3 од Британската јавност (66%) смета дека социјалните медиуми Facebook или пак Twitter не прават доворно напори за да ги сокријат лажните новости, а додека пак половина од испитаниците веруваат дека потребни се повеќе сајтови за проверка на податоците.
Интересен е фактот дека повеќе од половината од испитаниците (55%) сметаат дека владата не прави доволно напори за да ги спречи лажните новоси, сугерирајќи дека ова е тема и проблем кој е ставен на листата на јавната агенда.
Владата на Велика Британија на приватна средба со одговорните лица за весници и медиуми разговараше околу можни начини за спречување на појавата на лажни новости, но сеуште јавно не се изјасни за она за што се разговарало на средбата и за заклучоците од истата.

Но сеуште постои причина да бидемепозитивни. Во согласност со истражувањето само 53% од испитаниците се изјасниле дека примарниот извор на новости им е ТВ/Радио/вести кои се емитуваат онлајн.
Иако Facebook настојува да тврди дека е најголем извор на вести во споредба со традиционалните медиуми, со самата таа изјава ја понесува и одговорноста да ја контролира содржината која се споделува на неговата платформа.

Додека пошироката јавност се справува со тешкотии да ја провери автентичноста на новостите кои ги чита, традиционалните проверени медиуми се соочуваат со ‘’горката реалност’’ при споделувањто на своите содржини наспроти моќта која ја имаат социјалните платформи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365