Стриминг платформата Spotify лансираше нова кампања базирана врз кориснички податоци со која ја слави уникатноста на сите 356 милиони корисници ширум светот.
Кампањата насловена „Only You“ („Само Ти“) вклучува комбинации на жанрови, песни и изведувачи, уникатни за секој слушател. Апликацијата исто така нуди „аудио натална карта“, истакнувајќи го врвниот изведувач на секој слушател во изминатите шест месеци („Сонце“), нивниот најемоционален изведувач („Месечина“), изведувачот со кој се поврзале од неодамна („Растечки знак“), но и три изведувачи кои би ги поканиле на вечера.
Кампањата е поддржана и со видео спотови, креативи со статистички податоци, персонализирани плејлисти, дигитални и outdoor активности.
Позади кампањата стои in-house маркетинг тимот на Spotify, додека пак продукциски партнер е студиото Division7. Медискиот закуп е задача на UM Worldwide.