Home » Во фокусот » Самсунг го претстави најновиот Галакси Ноут 8 телефон

Самсунг го претстави најновиот Галакси Ноут 8 телефон

Дизајниран е да помогне на корисниците во секојдневниот живот и работата со “бесконечен” екран, паметно “S Pen” пенкало како и двојна камера со оптичка стабилизација на слика
Компанијата Самсунг ја претстави последната генерација на Галакси Ноут (Galaxy Note) уредите кои нудат поголем “бесконечен” екран (Infinity Display), “S Pen” пенкало за лична комуникација како и најдобра камера која Самсунг до сега ја направил на паметните уреди за фотографирање на квалитетни фотографии. Галакси Ноут 8 е дизајниран во согласност со животот на корисниците и начинот на кој во денешно време тие се потпираат на технологијата.

Верните љубители на Ноут уредите се наша постојана инспирација и за нив ја дизајниравме оваа осмица. Од бесконечен екран до S Pen паметно пенкало и уште помоќна двојна камера, Галакси Ноут 8 им овозможува на луѓето на направат работи за кои никогаш не ни помислувале дека ќе бидат возможни.” – изјави ДЈ Кох (DJ Koh), Претседател на Дивизијата за Мобилна Комуникација во Компанијата Самсунг.

Самсунг за прв пат ја претстави Ноут серијата во 2011 година. Според истражување на Самсунг 85 проценти од корисниците на Ноут уредите велат дека се горди сопственици на својот Ноут фаблет и дека го препорачуваат на своите пријатели, додека 75% од нив велат дека е најдобар уред од сите што до сега ги имале.

Уживајте во повеќе содржини и направете повеќе на својот бесконечен екран

Иако Галакси Ноут 8 има до сега најголем екран од сите Ноут уреди, неговото тесно куќиште овозможува удобно држење на уредот во една рака. Дијагоналата на “бесконечниот” екран од 6,3 инчи Quad HD+ Super AMOLED им овозможува на корисниците да видат повеќе, а да скролаат помалку. Исто така, овој уред на корисниците им овозможува повеќе простор за гледање, читање, цртање, што го прави најдобар мултитаскинг “паметен” уред.

Покрај “Multi Window“ опцијата за отварање неколку прозори истовремено, Ноут 8 воведува и нова функција “Pair” за креирање персонализирани парови на апликации на “Edge“ панелот со истовремено стартување на две апликации. Сега корисниците ќе можат да ги гледаат видео содржините додека пишуваат порака или да се вклучат во конференциска врска додека бројот и дневниот ред на состанокот им стои на екранот.

Нов начин на комуникација со “S Pen” пенкало

Од неговото воведување, “S Pen“ пенкалото остана една од најважните карактеристики на Ноут уредите. Ноут 8 серијата воведува уште подобро “S Pen“ пенкало со потенок врв и подобра чувствителност на притисок овозможувајќи нови начини на пишување, цртање, интеракција со телефонот како и комуникација со пријателите. Со овој модел сега е овозможено и споделување на анимираниот текст или цртеж преку различни платформи кои подржуваат анимирани GIF-ови (AGIF format). Оваа опција претставува целосно нов начин на комуникација која со помош на “S Pen” пенкалото кое креира живи, чувствителни врски и ја оживуваат пораката на корисникот.

Покрај тоа, опцијата “S Pen Translate“ помага на корисниците во текот на патувањата уште побрзо да преведуваат текстови, зборови и цели реченици, на 71 јазик, како и веднаш да ги конвертираат единиците во странски валути.

Подобри фотографии со камерата на уредот Галакси Ноут 8, најдобриот во својата класа

Галакси Ноут 8 моделот е опремен со две задни камери од по 12 MP со оптичка стабилизација на слика со широко аголен и теле-фото објектив. Исто така, широко аголниот објектив има “Dual Pixel” сензор за брзо автоматско фокусирање, така што на корисниците им овозможува фотографирање на појасни и поостри фотографии дури и во услови на слабо осветлување.

Со одбирање на “Dual Capture” опцијата и двете задни камери истовремено ќе фотографираат. Резултатот се две фотографии, при што една од фотографиите е фотографирана од блиску со теле-фото објективот, додека другата е широко аголна и ја прикажува целата позадина. Новата опција “Live Focus” се користи за контрола на длабочината на полето со можност за прилагодување на “bokeh“ ефектот во приготвувањето на работната програма, но и по фотографирањето на фотографијата.

Галакси Ноут 8, исто така, е опремен и со предната камера од 8 MP, најдобрата во оваа индустрија, со авто-фокус за остри фотографии и видео разговори.

 

Функциите и услугите на Галакси

Галакси Ноут 8 е изграден врз основа на наследството на Галакси – збир на уникатни функции и можности кои заедно го редефинираат мобилното искуство:

  • Отпорност на вода и прашина: својот Ноут 8 уред корисниците можат да го носат со себе каде и да посакаат затоа што и телефонот и “S Pen“ пенкалото се отпорни на вода и прашина (IP68 стандард). И не само тоа, тие можат да пишуваат на него дури и кога екранот е мокар.
  • Брзо безжично полнење: Галакси Ноут 8 подржува до сега најнапредни можности за безжично полнење, така што корисниците можат брзо и лесно да го наполнат својот уред без со себе да носат портови и кабли.
  • Безбедност: Галакси Ноут 8 нуди спектар на опции за биометриска автентикација – вклучувајќи и снимање на ирисот на окото и отпечаток од прстот. Самсунг Нокс (Samsung Knox) воведува безбедност која ги исполнува стандардите на одбранбените сили, како на ниво на софтвер така и на ниво на хардвер, а со опцијата за безбедно чување на податоци “Safe Folder“ корисниците можат да ги одвојат своите лични податоци од деловните податоци.
  • Моќни перформанси: Со 6 GB RAM меморијата, процесорот од 10 nm и меморијата која може да се прошири до 256 GB, Ноут 8 е одличен за брзо пребарување, вклучување на содржини на интернет, играње на игри и извршување на повеќе задачи одеднаш.
  • Иновативна употреба на мобилните уреди: Галакси Ноут 8 овозможува користење на “Samsung DeX“ опцијата кога на корисниците им е потребно лесно да ја префрлат работата од својот телефон на десктоп комјутер, без оглед на тоа дали се на терен, во канцеларија или дома. Галакси Ноут 8 ја поседува и гласовната команда Бигзби (Bixby) за лична интеракција на корисните со својот телефон. 

Мобилни перформанси, продуктивност и безбедност за деловните корисници

Галакси Ноут 8 ги покренува деловните иновации на ново ниво, со поголема продуктивност и поедноставен процес на работа:

  • Унапреденото S Pen“ пенкало за деловните корисници: S Pen им овозможува на деловните корисници да го работат она што не можат на останатите “паметни” уреди, како дискретно да забележат нешто во работната програма на “Screen Off Memo“ или брзо да ги означат документите и фотографиите.
  • Автентикација без допир: Галакси Ноут 8 им нуди на деловните корисници снимање на ирисот на окото – на пример, за вработените во секторот на здравство, градежништво или јавна безбедност, кои можат да се најдат во ситуација во која им е потребно отклучување на својот телефон, а да не мора да го провлекуваат прстот преку екранот или да го снимаат својот отпечаток од прст.

Приоритет е безбедноста на корисниците

Самсунг останува посветен на безбедноста на корисниците, така што батеријата на Галакси Ноут 8 уредот го помина најригорозниот тест во оваа индустрија за проверка на безбедноста на батеријата која се состои од осум чекори.

Заедно со Компанија Самсунг соработуваме за да дојдеме до суштински напредок во науката која се занима со проценка на квалитетот и безбедноста на паметните телефони. Како последица од оваа соработка, Галакси Ноут 8 успешно го помина ригорозното тестирање преку протоколите за компатибилност за безбедност на телефоните и батериите. Се радуваме на нашата понатамошна стратешка соработка со Самсунг со што ќе обезбедиме сигурност на уредите за сите корисници.” – изјави Саджив Джезудас (Sadživ Džezudas), Претседател на УЛ Интернационал (UL International).

Галакси Ноут 8 ќе биде достапен од средина на Септември, во Полноќно Црна (Midnight Black) и боја на Златен Јавор (Maple Gold). Препорачаната малопродажна цена за Самсунг Галакси Ноут8 на Македонскиот пазар изнесува 59.888 денари.

За повеќе информации поврзани со уредот Галакси Ноут 8, ве молиме посетете ја веб страната: www.samsung.com/galaxy.

 

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365