Кога некоја агенција нема да освои Epica награда, за тоа не може да го обвинува жирито.
Со кампањата “Нема пристрасност. Нема изговори”, амстердамската агенција Cloudfactory открива “неофицијални тајни снимки” :) на агенциските луѓе кои бараат разни изговори зошто не освојуваат награда на фестивал како што е Epica. Ова, се разбира, е кампања која има за цел што повеќе агенции да мотивира да ги пријават своите проекти на овогодинешното издание на фестивалот.
Спотовите кои ќе може да ги погледнете во продолжение ги потпишува продукциската куќа Be Sweet Films, а режијата е дело на Martín Nieto. Ќе погледнете еден “француз” кој се жали дека противничката мрежа доминирала со жирито, еден “италијанец” кој вели дека неговиот принт сигурно би освоил злато ако противничката агенција не ја пријавела баш истата идеја, но со case-study и една “креативка” која се жали дека нејзиниот ТВ оглас би имал поголеми шанси за награда ако нејзиниот клиент бил невладина, а не банка :) Жалопојка до жалопојка :)
Но, реалноста дека сите имаат шанса до 8ми октомври да пријават свој проект на Epica Awards и да освојат некоја награда.
Проектите пријавени на Epica Awards ги оценуваат исклучиво новинари, а не креативци, што значи дека нема пристрасност или некаква “групациска” политика. Членовите на жирито дури и не можат да гласаат за проектите од својата земја.