Челниците на стручните здруженија од регионот усогласени околу потребата за изедначување на стандардите во индустријата.
Минатиот петок во Загреб се одржа состанок на челниците на националните стручни здруженија на огласувачката инустрија од пет земји од регионот. Средбата беше во организација на HURA (Хрватското здружение за деловно комуницирање), а на неа присутни беа и претставниците од MAAM (Македонската асоцијација на агенции за маркетинг), SOZ (Словенското здружение), UEPS (Здружението за деловни комуникации на Србија), IAA Србија (International Advertising Association Serbia) и AMAC (Националното здружение за маркетинг комуникации на Црна Гора).
“Со оглед на тоа дека здруженијата од регионот, покрај тоа што го делат ова поднебје – споделуваат и исти предизвици карактеристични за рекламната индустрија, размената на искуства, регионалната соработка и новите заеднички проекти ќе помогнат да се унапреди работата на сите здруженија, а со тоа и пазарот во регионот“, – изјави Давор Брукета, претседател на Управата на HURA.
Меѓусебната поддршка на регионално ниво ќе овозможи изедначување на стандардите на пазарите и промоцијата на добра пракса, вклучувајќи ги и оние за успешно спроведување на натпреварувања – која е започната уште минатата година, а резултираше со позитивни исчекори на поединечните пазари.
Со оглед на тоа што инвестициите во огласувањата (Media AdEx) во регионот се мерат на слечен начин, предложено е усогласување околу методологијата на проценување – што би резултирало со податоци кои би биле директно споредливи на сите пазари.
Усогласувањето околу методологијата е клучно и за следната предложена иницијатива – креирање на регионална листа на агенции, која би била изедначена за сите земји и креирана според меѓународната пракса. На крај, стандардизација е предложена и во контекст на насоките за кои помагаат за едукацијата и развој на матичните пазари и изедначување на стандардите за пазарите што е во контекст на тендерите од голема важност. Отворена е и темара за воведување на регионални награди на поединците кои промовираат добра пракса и посебно придонесуваат кон развојот на пазарот за огласување.
Иако самореголациските акти како на пример Кодексите за огласување и деловно комуницирање на најголемиот број пазари се дефинирани на сличен начин и ги следат меѓународните стандарди, здруженијата ги истакнаа саморегулаторните прашања како проблематични на поединечни пазари, посебно во делот на онлајн огласувањето.
На состанокот присуствуваа: Сашо Пешев и Елена Стефанова (MAAM), Давор Брукета, Божидар Абрамовиќ, Марио Фрацуљ и Дунја Ивана Балон (HURA), Мојца Бришчик и Ана Ивандиќ (SOZ), Виктор Николиќ, Ванда Кучера и Стана Шехалиќ (UEPS) и Јелена Ивановиќ (IAA).