Home » Во фокусот » Се одржа отворен состанок на Извршниот одбор на ИАБ Македонија

Се одржа отворен состанок на Извршниот одбор на ИАБ Македонија

Синоќа во Скопје се оддржа отворен состанок на Извршниот одбор на Здружението за интерактивно огласување ИАБ Македонија, на кој покрај членовите на Извршниот одбор присуствуваа и повеќе други претставници од агенции, огласувачи и медиуми кои пројавија интерес за работата на здружението и нивно идно вклучување во активностите на ИАБ.

На состанокот, Претседателот на ИАБ Македонија, Борис Ефтимовски пред членовите на Извршниот одбор и останатите гости ја презентираше предлог-програмата за наредната 2018 година и четирите главни проекти кон кои здружението ќе посвети внимание во наредните 365 дена:

  1. Саморегулаторен етички кодекс на онлајн издавачите.
  2. Менторска програма
  3. Кампања за промовирање на дигиталниот маркетинг и онлајн огласувањето.
  4. Организирање на настан: IAB Mixx

Во однос на првиот проект, Ефтимовски предложи нацрт-работна верзија на “Саморегулаторен етички кодекс на добри професионални практики во дигиталното издаваштво на територијата на Р.Македонија“ (може да се погледне на ОВОЈ ЛИНК) со кој треба да се воспостави добра деловна пракса во однос на транспарентноста на издавачите, заштитата на авторската содржина, односот спрема “Комерцијалните текстови“, стандардизација на огласувачките формати, означувањето на издавачите кои ги почитуваат правилата во кодексот и сл. Работната верзија на текстот ќе биде дополнително прочистена и ревидирана од работното тело составено од членови на ИАБ и според предвидената динамика треба да биде донесено во првите месеци на 2018 година.

Вториот проект се осврна на потребата од воспоставување на Менторска програма (во форма која ќе биде дополнително дефинирана) која треба да понуди едукативна платформа за зајакнување на капацитетите на членовите на ИАБ, преку организирање на информативни сесии и обуки за трендовите во развојот на дигиталното огласување. Првата наредна информативна сесија е предвидена за крајот на Јануари 2018 кога Здружението планира да одржи презентација во однос на предизвиците кои следуваат од предвидените измени од страна на Гугл Хром и потребата од прифаќање на ИАБ стандардизираните огласувачки формати.

Членовите на Извршниот одбор се согласија дека здружението во наредната година треба да посвети внимание и на активности за промоција на самата индустрија, односно да спроведе кампања за промовирање на дигиталниот маркетинг и онлајн огласувањето во соработка со креативните и ПР агенции кои ќе понудат поддршка во реализирањето на истата.

Четвртиот проект кој беше предложен се однесува на искористувањето на правото кое ИАБ Македонија го доби пред 2 месеци со потпишувањето на новиот договор со ИАБ САД во однос на организирањето на годишен настан за промвоирање на најдобрите практики во онлајн огласувањето – IAB MIXX.

Во останатиот дел од состанокот присутните се осврнаа на тековните предизвици со кои се соочува здружението и разменија повеќе мислења и предлози како ИАБ понатаму да се развива и дополнително да се професионализира.

ИАБ останува отворен за сите оние кои што сакаат да се приклучат во работата на здружението и да придонесат во развојот на дигиталниот огласувачки пазар и во таа насока ги повикува огласувачите, агенциите и издавачите кои сеуште не се дел од Здружението, да се приклучат и со својот ангажман да придонесат во позитивната промена.

За било какви прашања во однос на нашите активности Ве молиме контактирајте не на: contact@iab.mk.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365