Со цел што подобро да се подготват луѓето за зголемениот развој на вештачката интелигенција и доаѓањето на четвртата индустриска револуција, потребно е да се разбере развојната насока на вештачката интелигенција и технологијата, односно кои предности ги поседуваат и за што тие се способни. Се препорачува луѓето да почнат да развиваат одредени вештини во областите каде што роботите (засега) не се вешти.
Во повеќето случаи, светските медиуми преувеличуваат во претставување на различните способности на вештачката интелигенција. Покрај видливите резултати во поедноставувањето и автоматизацијата на одредени операции, повеќето од задачите што се извршуваат од страна на роботите се многу поедноставни отколку што повеќето луѓе мислат. На пример, машините се добри во превземањето еден вид на инпут, на пример инпут А и создавање едноставен одговор, аутпут Б. Со зголемување на развојот и проширувањето на овој вид на технологија, веројатно ќе видиме како луѓето ги губат работните места кои се состојат од сличен процес. Ова би значело дека, да речеме, работните места рецепционер, сметководител, лектор, добавувач и продавач во малопродажба, ќе ги преземат роботите.
За среќа, постојат голем број на работни места кои бараат повеќе од едноставниот процес на претворање на инпут А во аутпут Б. Многу работни места бараат дополнителни и многу “човечки” квалитети како што се комуникација, емпатија, креативност, стратешко размислување… овие квалитети ќе станат вредна валута на пазарот на трудот. На пример:
– Емпатија и комуникација: Додека вештачка интелигенција се користи за медицински цели (на пример, точно да се утврди болеста на скенер), секако дека луѓето би избрале да им бидат соопштени лошите вести од емпатичен лекар, односно човечко суштество, а не автоматизиран робот. Затоа, во блиска иднина тешко е да се заменат должностите на лекарот, старателот и терапевтот.
– Критичко размислување: Без оглед на тоа колку вештачка интелигенција може да стане напредна, во одредени ситуации и понатаму се потребни луѓето да донесуваат одлуки, дури и доколку ги следи интуицијата. На пример, правните фирми вработуваат вештачка интелигенција за да им помогне да се идентификуваат важните документи во правните случаи, но се уште имаат потреба од “човечки” судии кои ќе донесат пресуда.
– Креативност: Компјутерските програми се добри за изнаоѓање голем број на можности, но тие не се секогаш добри за обезбедување квалитетни креативни пешенија. Додека вештачката интелигенција технички може да создаде храна, музика и уметност, резултатите од нивните уметнички обиди може да испаднат комични. Со оглед на тоа, за сега, се чини дека писателите, инженерите, пронаоѓачите и музичарите се безбедни од роботите.
– Стратегија: Во работењето се забележани голем број на автоматизации на маркетинг активностите. Покрај големиот број на предности кои ги обезбедуваат само алатките, тие не ја наоѓаат потребната стратегија за да им дадат значење и суштина на секоја конкретна задача. Секоја работа која бара стратешко размислување најверојатно останува во човечкиот домен.
– Управување со технологијата, инсталација и одржување: Роботите, не добиваат свои роботи кои ќе ги инсталираат и одржуваат, тие треба да бидат дизајнирани, креирани, инсталирани, управувани и одржувани од страна на луѓето .
– Физички вештини: Постојат многу физички вештини кои роботите не ги совладале. Притоа, луѓето сакаат да гледаат други луѓе како постигнуваат неверојатни физички подвизи (на пример на Светското фудбалско првенство), па ако имате изрезени физички вештини, веројатно сте безбедни засега.
– Имагинација и креативност: Конечно, квалитетот што роботот или вештачката интелигенција тешко може да го поседува е имагинацијата. Вештачката интелигенција работи преку преземање на постоечките информации и создавање на логички заклучоци кои се засновани на параметрите кои им се дадени. Имагинацијата и краетивноста, едноставно не се вештини кои можат да се програмираат. Активистите, претприемачите, визионерите, авторите, говорниците и другите креативци имаат изразена предност во однос на технологијата на ова поле и тоа нема да се промени наскоро.
Накратко, ако сте загрижени дека вашето работно место може да биде аутсорсирано од технологијата, најдоброто нешто што можете да направите сега е да работите на вашите комуникациски вештини, стратешко размислување, решавање на проблеми, емпатија и креативност. Еден ден можеби тоа да ја зачува вашата работа од сеопштата роботизација, а можеби дури и ќе ви овозможи напредување во блиска иднина.