Home » Во фокусот » Секој ролекс има приказна: Како настана една од најпознатите компании на светот?

Секој ролекс има приказна: Како настана една од најпознатите компании на светот?

Што го предизвикува претприемачкото срце и му дава желба незапирливо да чука посилно и побрзо?

Господа, ние ги правиме најдобрите часовници во светот” – во јануари пред 91 година, пред собраните трговци на часовници рече Ханс Вилсдорф. Претставувајќи го Oyster, првиот водоотпорен рачен часовник, пронајдок кој ќе го одбележи часовничарскиот свет засекогаш, основачот на Rolex полн со самодоверба им покажа на швајцарските скептици дека решението на нерешливото сепак постои.

Како и многу други големи имиња на современото индустриско време, животот не беше мазен за Ханс Вилсдорф. Со своите брат и сестра, останал без двајцата родители во 12 годишна возраст. Во еден од ретките негови записи вели – дека  никогаш не го заборавил моментот кога неговите чичковци намерно му го скратиле семејното богатство со објаснување дека за напредок во животот не му е потребна комфорната зона на семејното богатство.

Растењето во строг интернат, започнувањето бизнис и создавањето на брендот Rolex далеку од дома, секојдневниот живот на еден Германец во ни малку пријателската средина на Лондон на почетокот на Првата светска војна, сомничавоста на староседелците часовничари по доаѓањето на долината на часовничарите во La Chaux-de-Fonds, семејната трагедија и загубата на првата сопруга, не го спречија во намерата творецот на Ролекс да ги создава најдобрите часовници во светот.

Секогаш оди храбро напред. Успехот бара храброст и челична волја“.

Како вистински визионер на неговото време, Ханс Вилсдорф гледаше далеку во иднината. Тој го забележа потенцијалот на рачните часовници и неговата цел беше да го направи Rolex прв и најдобар во светот. Во тоа време, рачните часовници не биле популарни и главно ги носиле жените како накит, бидејќи не биле доволно прецизни.

Но, и покрај бројните скептици, успеа да го направи тогаш незамисливото – да го популаризира носењето на рачни часовници, благодарение на изнаоѓање на решенија за прецизноста на малите механизми и создавањето на првиот отпорен рачен часовник на вода и прашина.

Следеле бројни иновации – првиот самонавивачки механизам со Perpetual ротор, кој се навива со носење, првиот часовник со датум на бројчаникот, првиот часовник со прикажување на деновите во неделата испишани со цели зборови на бројчаникот, првиот часовник отпорен на вода до 100 метри …

Непоколебливиот претприемачки дух на Ханс Вилсдорф е во секој од над четиристотини патенти на Ролекс. Благодарение на јасната визија, неуморната работа и иновативниот пристап, Ханс Вилсдорф успеа во својот план. Од нула го создаде веќе со години водечкиот бренд во швајцарската индустрија на часовници и според истражувањето од 2017 година на Меѓународниот институт за репутација, и најценетата компанија во светот.

Денес Rolex, како и првиот ден пред повеќе од сто години, се стреми кон континуирана иновативност, прецизност и бескомпромисен квалитет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365