Фондација за одржлив развој ПРЕДА Плус го одржа својот ДЕМО ДЕН на 9 Април во Битола – кој беше официјалниот завршен настан на акцелераторската програма Employouth. Во претходните три месеци, учесниците на Employouth имаа можност да бидат дел од интензивна менторска и тренинг програма за креирање и водење на успешен бизнис.
Над 20-тина млади луѓе со интересни идеи за започнување бизнис ги кристализираа преку развој на лични перформанси водени од 10-тина ментори од земјата и странство, а координирани од Игор Изотов – иновациски консултант и гуру за лансирање на стартапи. Тие на овој Демо ден во 3 минутни презентации ги претставија своите бизнис планови пред инвеститорите.
“Пет години работев во Скопје за Швајцарски проект со пет играчи во стартап системот во Македонија. И можам да кажам дека има големи разлики на ниво на организираност и разбирање на стартапите во Скопје споредено со Битола и Пелагонискиот регион. Овде имало вакуум, немало никаква поддршка на претприемничките идеи освен стандардната понуда на државните институции преку нивните мерки за самовработување. Тие продуцираат претрпиемништво со цел да се најде работа, а не претприемништво базирано на иновација. Ова е прва програма која понуди извонредна можност, младите луѓе доколку имаат идеја која е иновативна, да ја искрастилизираат со помош на менторите кои ние им ги нудиме бесплатно. Интересот е одличен ако се земе предвид тој петгодишен вакуум. И како пилот програма можеме да кажеме дека сме задоволни. Тоа Демо денот и го покажа.” – изјави Маријана Милевска од Преда Плус Фондација.
Преда ја креираше акцелераторската програма и ја предава на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола (ФИКТ), кој со овој проект се здобива со простор каде ќе го смести акцелераторот. Практично ФИКТ добива проект, избира менаџерски тим кој ќе го води во идниот период кога ќе биде практично одговорен за неговата одржливост.
„Од Битола се може(и)” започна со 27 успешни поединци кои ги раскажаа своите приказни за патот кон успехот и ги мотивираат младите кои се на нивниот старт од патеката на претприемништвото. Менторството е во суштина менаџирање на очекувањата. Надворешен човек секогаш пообјективно согледува работите. Затоа посветивме особено внимание да селектираме исклучително инспиративни личности, посветени на личната кариера кои ќе умеат да ги разбудат од зимски сон овие млади луѓе,” изјави Игор Изотов, иновациски консултант.
Организиран како дел од Еmloyouth – Универзитетска пилот програма за стартапи во пелагонискиот регион, проектот е финасиран од ЕУ преку Interreg програмата за прекугранична соработка со Грција, а имплеметиран од PREDA Plus Foundation и Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола.
ПРЕДА Плус е Фондација за одржлив економски развој којашто во изминатиот период ја игра улогата на поддржувач и партнер на играчите во екосистемот на стартапи во Македонија. Во периодот помеѓу 2015-2018, учествуваше во јакнењето на повеќе клучни играчи на овој систем преку најразлична поддршка: Меѓународни ментори на Сивус Инкубатор во нивната пред-акцелераторска програма; Развиена нова услуга за евалуација на ИТ Фирми на SEEU Tech Park; Поддржана институционализација на Стартап Зона; Меѓународна експертиза за концепт модел на Create Hub, Комора на Северозападна Македонија; Меѓународна експертиза со цел развој на бизнис модел на БИТХАБ и пилот пред-акцелераторска програма. Овие програми и нивната поддршка според мониторинг системот по меѓународен стандард успеа да креира над 564.000 американски долари дополнителни приходи преку обезбедување на 109 нови клиенти и 15 нови развиени производи и како резултат на тоа да генерира 96 вработувања (83% млади).