Ланецот на кафетерии Starbucks лансираше нова кампања за британскиот пазар насловена “Every Table Has a Story” („Секоја маса има своја приказна“).
Со кампањата, Starbucks се позиционира како „трето место“ каде се добредојдени сите за да работаат, одмараат, поврзуваат и да ги следат своите страсти.
Во центарот на кампањата се наоѓа едноминутен спот кој ја следи приказната на младата креативна дизајнерка Кај. Таа е редовен посетител на Starbucks, а на својата омилен маса ги има доживеано сите падови и издигнувања во својата кариера – од одбивање на работни апликации, до нејзиното појавување во сторија на магазин како „следниот голем дизајнер“.
Кампањата ја слави новооткриената работна флексибилност, истакнувајќи ја ренесансата во работењето од кафулиња и славејќи ги животните патешествија на претприемачки настроените поединци кои веќе ги унапредуваа своите страсти во локалите на Starbucks.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција Iris, продукциската компанија Sweetshop Films, медиската агенција Havas Media и ПР агенцијата Edelman.