Home » Во фокусот » Сексуалноста во огласите – се забележува но НЕ продава и може негативно да влијае врз репутацијата

Сексуалноста во огласите – се забележува но НЕ продава и може негативно да влијае врз репутацијата

Провокативните рекламни кампањи имаат мало влијание на продажбата и можат да имаат негативно влијание врз имиџот на брендот – се наведува во новото истражување чии резултати ги спорат тезите кои широко беа прифатени во индустријата а кои едноставно велеа дека “сексот продава“.

John Wirtz, професор за огласување на универзитетот во Илиноис, комбинираше податоци од 78 студии кои го испитувале сексипилот во огласите и анализата насловена како “Влијанието на сексипилот во огласите на меморијата, ставовите и купувањето“ покажала дека огласите кои користат сексуална привлечност воопшто не учествуваат во одлуката на испитаниците да купат некаков производ.

Истражувањето покажало дека “провокативните“ огласи се незначително позабележителни и тука доминира сегментот мажи, кои за нијанса повеќе ги забележувале и “анализирале“ огласите каде има нагласена сексуалност.

Целото истражување можете да го разгледате на следниов ЛИНК.

 

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365