Американските брендови на грицки Doritos и Cheetos, и двата во сопственост на Frito-Lay т.е. PepsiCo, објавија заедничка реклама во пресрет на Super Bowl.
Во спотот гледаме жена која набљудува птици во шумата, качена на дрво. Меѓутоа, од нејзиниот ранец ѝ паѓаат по една кеса Doritos и Cheetos – и тоа од жешкиот, лут вид.
Грицките им го привлекуваат вниманието на шумските животинки, кои откако ќе ги пробаат лутите грицки, целосно се „шекнуваат“ и почнуваат изведба на песната “Push It” на Salt-N-Pepa од 1987 година.
Притоа, гласот на птичката која излегува од устата на крокодил е всушност толкуван од страна на американската раперка Меган Д Сталион, додека пак танцувачката лисица е толкувана од страна на американскиот пејач Чарли Пут.
Забавната реклама е создадена со помош на креативната агенција Goodby, Silverstein & Partners.