Home » Во фокусот » Сите добитници на Гранд При наградите на Cannes Lions 2017

Сите добитници на Гранд При наградите на Cannes Lions 2017

Пред неколку денови заврши најпрестижниот креативен фестивал Cannes Lions 2017. Во продолжение погледнете ги сите Гранд При добитници по категории:

Creative Effectiveness

Art Institute of Chicago “Van Gogh’s bedrooms: Let yourself in”, агенција Leo Burnett Chicago

За промоција на изложбата на Ван Гог во Art Institute of Chicago, Leo Burnett ја реплицираше познатата слика The Bedroom од холандски сликар во вистинска спална соба, која потоа ја постави на Airbnb. Кампањата привлече 133 000 посетители и два милиони долари приходи.

Cyber

Transport Accident Commission Victoria “Meet Graham”, агенција Clemenger BBDO Melbourne

Кампањата за сигурноста на патиштата ја долови кревкоста на човечкото тело, креирајќи скулптура на човек кој би можел да преживее сообраќајна несреќа.

MailChimp “Did you mean MailChimp?”, агенција Droga5 New York

Вториот Гранд При во оваа категорија отиде за необичната кампања за MailChimp, која користи варијации на имиња на компании кои се занимаваат со e-mail маркетинг како инспирација за серија филмови и интерактивни извршувања.

The Bank of Åland “Åland index/Baltic sea project”, агенција RBK Communication

Стокхолмската агенција RBK Communication исто така ја освои топ наградата во оваа категорија со биоразградливата кредитна картичка која го следи влијанието на производите купени со неа на околината и така на корисниците има дава увид во нивното влијание врз околината.

Design

AP Thailand “The unusual football field”, агенција CJ Worx Bangkok

Тајланд го освои својот прв Гран При на Cannes Lions со едноставна кампања за градежната компанија AP Thailand, во која празните простори на густо населениот дистрикт Khlong Toei во Бангкок се претворени во необични фудбалски терени.

Digital Craft

Björk “Real-time virtual reality experience for Björk’s Notget”, агенции Analog и W&N Studio

VR музичко видео кое гледачите ги стави во фантастичниот свет на Вулникура.

Direct

Burger King “Google home of the Whopper”, агенција David Miami

Рекламата на Burger King содржи порака направена за активирање на Google персоналниот асистент за глас – Home, со цел да ги промовира нивните бургери.

Film

Channel 4 “We’re the superhumans”, агенции 4Creative и Blink Productions

Кампањата на британскиот ТВ канал Channel 4 за Параолимписките игри во Рио беа најсилен претставник на Велика Британија оваа година во Кан.

Film Craft

The Blaze “Territory”, Iconoclast

Француското режисерско и уметничко дуо The Blaze направи моќен музички спот за враќањето на еден човек во неговата татковина Алжир.

Glass

State Street Global Advisors “Fearless girl”, агенција McCann New York

Кампања која го воодушеви Кан оваа година беше скулптурата на малото девојче наспрот Бикот на Wall Street, која го нагласува недостатокот на жените во врвот на компаниите.

Integrated

Boost Mobile “Boost your voice”, агенција 180LA

Продавниците за мобилни телефони се претворени во гласачки места во оваа политичка кампања, со цел на малцинските групи да им се овозможи гласање на претседателските избори во САД.

Entertainment

Santander Bank “Beyond money”, агенции MRM и McCann Spain

17минутниот sci-fi филм со Adriana Ugarte помогна да се лансира ново работење на банката.

Entertainment for Music

Adidas “Original is never finished”, агенција Johannes Leonardo

Спот од минута и половина за Adidas Originals, со Snoop Dogg и Stormzy, низ песната My Way од Френк Синатра.

Creative Data

Whirlpool “Care counts”, агенција DigitasLBi Chicago

Во рамките на програмата „Care counts“, поставени се перални во училиштата во загрозените заедници ширум САД и се опремени со уреди за собирање на податоци, со кои се покажало дека поверојатно е дека децата ќе останат во училиште доколку имаат пристап до чиста облека.

Innovation

IM Swedish Development Partner “The Humanium metal initiative”, агенции Akestamholst и Great Works

Оваа шведска компанија го промовираше металот Humanium како нов ресурс, направен од рециклирани материјали добиени од програмата за уништување на оружје.

Media

Jet.com “Innovating saving”, агенција R/GA New York

Овај e-commerce бренд имаше оглас за Super Bowl, иако не платиле за него. Имено, направија кампања за своите „super bowls“ (супер чинии), која се појавуваше високо во резултатите од пребарувањето во текот на овај спортски настан.

Mobile

Recruit Lifestyle “The family way”, агенција Dentsu Y&R Tokyo

Dentsu Y&R Tokyo направи сет за паметни телефони со помош на кои може да се тестира спермата, со цел да се укаже на проблемот на неплодноста.

Outdoor

State Street Global Advisors “Fearless girl”, агенција McCann New York

Бестрашната статуа и во оваа категорија освои уште една Гран При награда.

Twitter

Во оваа категорија славеше и Twitter, кој освои Гранд При за серијата огласи кои ја нагласија неговата способност да биде платформа за политички дебати. Кампањата прикажувала политички фигури како што се Владимир Путин и Доналд Трамп, како и слики кои асоцираат на контроверзни прашања како што се марихуаната и оружјето, со кои се појавувало само Твитер логото, хаштаг и никаква порака.

PR

State Street Global Advisors “Fearless girl“, agencija McCann New York

Уште една Гранд При награда за бестрашната девојка.

Print & publishing

Burger King “Flame-grilled since 1954”, агенција David Miami

Овие Burger King огласи прикажувале слики од вистински пожари во нивните ресторани, како би го илустрирале посебниот начин на кој компанијата ги прави своите бургери.

Product design

Tigo-Une “Payphone bank”, агенција Grey Colombia, Bogotá

Оваа кампања претвори 13,000 телефонски говорници во дигитални банковни терминали, со цел на луѓето со ниски примања да им го олесни пристапот до финансискиот систем на оваа земја.

Promo & activation

Boost Mobile “Boost your voice”, агенција180LA

Radio

KFC “Repeat the punchline”, “Long red thin shape”, “No one cheerses”, агенција Ogilvy & Mather Johannesburg

Во овие три радио огласи за KFC, мажите ги откриваат своите најтажни сеќавања во знак на жалост заради одлуката на ланецот за брза храна да го отстрани својот бургер Double Down од пазарот.

Titanium

State Street Global Advisors “Fearless girl” by McCann New York

Со победата во категоријата Titanium, „Бестрашната девојка“ однесе вкупно четири Гранд При награди на овогодишниот фестивал.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365