Home » Во фокусот » Сите вести од Ватикан на едно место

Сите вести од Ватикан на едно место

Консултантската куќа Accenture ќе му помогне на Одделот за комуникации во Ватикан да ги поедностави и обедини нивните дигитални комуникации

Во денешно време, постојат подобри начини за комуникација со луѓето отколку само да мавтате од балконот од домот на Папата.

Поради тоа, Одделот за комуникации во Ватикан повика стручни лица за трансформација на работењето од консултанската куќа Accenture, за да им помогнат да ги поедностават и обединат нивните дигитални комуникации.

Секретаријатот за комуникации во Ватикан  (во суштина Министерството за комуникации на Ватикан) ја задолжи Accenture да се воспостави нов канал “Вести од Ватикан” со цел да се подобри дигиталната комуникација со верниците. Мисијата на оваа агенција како “глобална искуствена агенција” е да и помогне на Црквата во дефинирањето на конзистентна, јасна стратегија за дигитална комуникација со креирање на еден веб портал. Претходно, каналите за комуникација на Ватикан беа одделни и независни.

Лансирањето на веб-сајтот “Vatican News” беше направено во текот на минатиот викенд, а оваа веб страница споделува вести за Папата, Ватикан, Црквата и светот на шест јазици и им овозможува на посетителите да ја истражат  идната агенда на папата, да се провери “Светецот на денот”, или да ги прегледаат Инстаграм постовите на папата Франциско.

Многумина во актуелниот лидер на Католичката црква, чиј папство започна во 2013 година, гледаат прогресивни иницијативи. Папата Франциско ја охрабри црквата да ја подобри комуникацијата со луѓето од различни култури со користење на нови медиуми. Овој викенд, изјави дека новинарите се клучни за демократијата и ги предупреди да не промовираат нецелосни, пристрасни и лажни информации.

Претходно, Одделот за комуникации во Ватикан имаше одделни тимови распоредени по јазици и медиуми (вклучувајќи една страница за нивната радио станица, а друга, за нивниот весник). Accenture работи со нив околу една година на редизајнот на тимовите да се обезбеди доследна комуникација, изјави Макс Кремонини, директор за содржина и креатива на компанијата Accenture Interactive во Италија.

Тие почувствуваа потреба да имаат еден глас“, вели Кремонини. Тој, исто така, најави и продолжување на работата на овој проект, велејќи: “Ова е само првиот чекор од нивната реформа“.

Типичен клиент за Accenture Interactive би била некоја компанија која сака да ја зголеми продажбата или да ги подобри другите клучни показатели за успешност. Но, Ватикан не е типичен клиент.

Работејќи со овој клиент, ние откривме дека нивните KPI се радикално различни на некој начин“, вели Кремонини. Овде се работи повеќе за ширење на пораката – а таа не мора секогаш да се шири премногу. На пример, тој вели дека ако Ватикан може да достигне до само едно лице во строго контролирана земја како што е Северна Кореја, тоа ќе се смета за успех.

Ватикан “се обидува да пренесе порака до што е можно повеќе луѓе, но особено на оние во земјите каде што таа порака не може да се слушне“.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365